Фудбалерот на Белгија кој избегна три терористички напади

Белгискиот репрезентативец Џејсон Денаер е играч на Манчестер Сити на позајмица во турскиот Галатасарај. Во последните 10 дена избегнал дури три терористички напади.

Денаер, кој игра како стопер во одбраната ја имал таа среќа во несреќа во неговата близина да се случат три терористички напади, но успеал некако да ги избегне.
 
Најпрвин, пред 10 дена, на 13. март неколку минути по завршувањето на мечот меѓу Генчлербирлиги и Галатасарај во првенството, одигран во непосредна близина на стадионот Мајлс во Анкара експлодирал автомобил-бомба при што загинаа неколку лица.
 
Шест дена подоцна, на 19 март во центарот на Истанбул каде што живеел Денаер беше изведен терористички напад, но Белгиецот и тука имал среќа што не бил на лице место во моментот на нападот.

 Деновиве се спремаше за најголемото дерби во турскиот фудбал Галатасарај - Фенербахче, којшто се откажа поради безбедност, а во понеделникот отпатувал во Брисел на подготовки на репрезентацијата на Белгија, ден пред терористичките напади на аеродромот и метрото.
 
Денаер има само 20 години, роден е во Брисел а кариерата ја започнал во Андерлехт. На 17 години преминува во Сити каде капитен е капитенот на Белгија, Венсан Компани. Младиот дефанзивец уште не добил шанса на Етихад, а пред да биде позајмен во Галатасарај, „Граѓаните“ го позајмуваа во Селтик.
 
Ги прошол сите младински категории на репрезентацијата на Белгија, а за А тимот има четири одиграни средби.