Матијас Суарез е од 2008. година и е најдобриот стрелец на Андерлехт во последните неколку сезони. Во Брисел живее со сопругата и малата ќерка за кои многу се загрижил по страшните напади во вторникот кога загинаа 34 лица а повредени се најмалку 230.
„Живеам овде повеќе од седум години и секогаш било многу убаво. Живеевме многу добро и луѓето се фини, но после ова сакам да заиман. Мислам на моето семејство. Во клубов сè е добро обезбедно, водат грижа за секој од нас, но ќерка ми мора да оди во школо и се плашам за семејството. Луѓето овде во последно време седат дома, шопинг центрите и кафулињата се празни“, изјави Матијас Суарез за култното радио Катена, а подоцна и за ЕСПН радио 107,9 во Аргентина.
Центарфорот беше прогласен за играч на годината 2011/2012 во белгиската Жупилер лига и е најважен играч во Андерлехт. Со овој клуб четири пати ја освојуваше титулата во Белгија, еднаш купот и четири пати Супер Купот. Играше и во Лигата на шампионите и во Лига Европа.
„По она што се случи во Париз сè се смени. Луѓето слабо излегуваат надвор затоа што се плашат. Во Брисел имаме маало каде живеат многу џихадисти и луѓет кои се инволвирани во ужасниве работи. За жал, сите знаевме дека нешто вакво може да се случи. Зборував со менаџерот и со сопругата и мора да заминеме летово по секоја цена“, заклучува Суарез кој лесно би можел да најде ангажман во друга западно-европска земја.