„Мамаду Сако е најнесмасниот, ефикасен, небалансиран, ефективен дефанзивец на Планетата. Кога го гледаш него е исто како да гледаш кловн како жонглира со чинии, само чекаш кога ќе му паднат на земја, а сепак некако ги одржува во воздух. Човекот е генијален“, напиша Бартон во неколку твита кои добија над 4.000 споделувања.
„Потполно се сложувам. На почеток мислев дека е безнадежен, меѓутоа просто е неверојатен“.
Минатата година и покрај затегнатите односи со Брендан Роџерс, Сако беше еден од љубимците на Енфилд Роуд, а по доаѓањето на Јирген Клоп Французинот конечно стана лидер во одбраната на Ливерпул.
Статистичкиот сајт Squawka го нарекува прав наследник на Сами Хипија и Џејми Карагер. После реваншот со Јунајтед на Трафорд, Мама бил оценет со 10-ка од сајтот ЕСПН ФЦ и тоа било прва 10-ка во историјата на овој сајт. Во реваншот со Манчестер, Сако имал 93% точни додавања, 12 добиени дуели, 6 лизгачки стартови.
Навивачите на Ливерпул или барем голем дел од нив го обожуваат Сако поради неговиот однос. Два најзначајни моменти сезонава беа:
1) На мечот против Манчестер Сити во финалето на Лига Купот, Сако доби потрес на мозок после еден дуел, но до крајот инсистираше Клоп да не го извади од игра. Сепак лекарите не му дозволија да се врати на терен, а тој од бес фрли шише со вода, седна на клупа, се сокри и почна да плаче од мака што не може да помогне.
2) Домашен меч против Кристал Палас минатата есен на кој имаше слична ситуација. Сако се повреди пред крај на првото полувреме, но одби да излезе од терен и покрај тоа што Дејан Ловрен веќе се загреа да влезе наместо него.
Иако звучи како клише, важно е да се напомене дека кога ќе се случи вакво нешто навистина се сфаќа разликата меѓу добрите играчи и играчите кои секогаш се спремни да направат нешто повеќе и да вложат дополнителен напор кога е потребно.
Уште еден меч за кој заслужува пофалби беше оној против Бордо минатата година во септември. На почетокот на сезоната, Брендан Роџерсне можеше да смета на стоперскиот тандем Ловрен-Шкртел и го стави Сако во првите 11. Французинот одигра меч за паметење и после само три дена беше стартер против Норвич во Премиер лигата.
„Јас сум војник на Ливерпул. Напорно работам и секогаш сум спремен да го прифатам предизвикот.", изјави Сако кој од тој момент одигра 18 средби во Англија сезонава.
И секако, никој од навивачите на Ливерпул нема да ги заборави ококорените очи на Мамаду Сако на мечот со Евертон во есента 2015-та (98% прецизност на додавањата, 3 добиени воздушни дуели, 7 лизгачки стартови, 1 блок) кога влезе во клинч со Ромелу Лукаку и здиве.
После победата против Кристал Палас во 5. рунда од Купот на Англија, му подари дрес на едно помало дете кое побудале од среќа:
Инаку Сако активно се занимава и со хуманитарни активности и разни акции за помош. Минатата година беше во Сенегал од каде што се неговите родители, се сретна со претседателот Маки Салом кому му го претстави својот фонд АМСАК, кој ќе учествува во изградбата на спортскиот центар во градот Тамбакунда во Сенегал. АМСАК лани преку Сако донираше неколку тони ориз, шеќер и млечни продукти во оваа африканска земја.
Сако еднакво го сакаат и во Париз каде што живееше и играше за ПСЖ. Оваа пролет беше гостин во Бишат болницата во Париз каде што се родил и се сретна со медицинскиот тим и бебињата кои се раѓаат таму.