Треба ли Погба да го менува берберот?

Со текот на времето, Французинот кој стана лидер на Јувентус го остава светот во исчекување на неколку нешта: нови голови, нови титули, мегатрансфер во Реал или Барселона и нова луда фризура. Ова последново најчесто се случува.

Погба беше во Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон како ретко кога не го препозна неговиот талент и го пушти да замине. Францускиот репрезентативец со кратка и црна коса може да го видите само на некои стари фотографии.
 
Ова е 2012-та кога уште немал 19 години и кога знаел што може да го чека кај Фергусон ако прави чудни фризури.

Кога дојде во Торино почна неговата креативност. Во март 2013-та година направил фризура со две зебри од страна.

Година дена подоцна, во февруари 2014-та собра повеќе храброст и Ирокези, индијанската фризута стана поизразена а додаде и активни бои.

Април 2014-та. Иста работа, само на задниот дел.

Ноември 2014-та. Пушти шишки.

Мај 2015-та. Злато на шишките и на забите.

Јуни 2015-та. Вака се појави во финалето на Лига на шампиони.

И во септември 2015-та со чудни шарки.

Во ноември 2015-та се реши за златна ѕвезда од страна.

Декември 2015-та, со нова тема ја дочека Новата година.

Крајот на 2015-та и почетокот на 2016-ра. Погба од САД во Европа го увезе американскиот Даб - популарен танц кои го исполнуваа многумина од Хилари Клинтон до Ромелу Лукаку. Фудбалерот на Јувентус танцуваше со нова фризура.

Погба реши да ги надмине Клинтон и другите и го исцрта ДАБ логото на фризурата.

Јануари 2016-та. Се врати во класика.

Крајот на јануари го дочека со леопард фризура.

Февруари 2016-та, Погба се заигра покемон. Фризурата ја нарече Покебол.

На 23. февруари се појави со нов стил.

16 март во Минхен излезе со нова фризура на мечот против Баерн Минхен кој Јувентус драматично го загуби во финишот.

Берберот на Погба се вика Мика Каиолас и е Французин од Париз. Повеќе за неговата работа може да видите на неговиот Инстаграм или на следниот меч на Јувентус или Франција.

Како било, Погба викендов даде страшен гол во дербито против Торино: