Фудбал

365-те дена на Манчини во Интер

Роберто Манчини славеше титули со Интер во 2006, 2007 и 2008 година, а со неговиот кам бек се очекува овој тим повторно да атакува на Скудетото. Трите најдобри и најлоши моменти за време на неговата едногодишна работа.

Бобо Виери издава биографија за бестселер

Биографијата на Кристијан Виери ќе излезе претстојниот 20. ноември и ќе има наслов Викајте ме бомбардер. Во неа Бобо раскажува за неговиот живот и кариера.

Кои се и каде се најголемите светски стадиони

Во разговор или на некој квиз, многу луѓе би кажале дека најголем стадион на светот е насекаде познатата Маракана во Бразил, но не е така иако овој стадион го држи светскиот рекорд по посета на еден натпревар.

Гол сторијата на Македонија против Црна Гора

Откако синоќа скоро никој не отиде на стадион, а немаше ниту телевизиски пренос, сите копаа по интернет да ја видат неочекуваната голеада на Македонската фудбалска репрезентација која по нешто повеќе од една година конечни победи.

Светски рекорд на 100 метри во мајмунски стил

Кеничи Ито во Јапонија е познат како „човекот мајмун“, а прекарот му е ептен на место. Ние во редакција си признавме дека никој од нас не може да истрча 100 метри за 15,71 ниту со две нозе. Ито тоа го направи со сите четири и влезе во Гинис. Тој претходно сам поставуваше нов рекорд во пет наврати, а лани му го сруши Кацуми Тамакоши со време од 15,86 секунди.

И Марадона жонглира со портокал

Откако Меси налета на еден портокал и со него жонглираше, ништо покус не остана ниту Диего Марадона и тоа со чевли и костум во сред студио.

Италијанските медиуми го величаат хет-трикот на Трајковски

„Трајковски влезе во историјата на својата репрезентација. Постигна хет-трик против Црна Гора и стана четвртиот Македонец на кој му успеало тоа достигнување“, е натписот на Медиагол.

Пороен дожд го одложи дуелот Аргентина - Бразил

Дербито на Јужна Америка во рамките на квалификациите за СП 2018 во Русија доцна синоќа беше одложено поради поројни дождови во Буенос Аирес, каде Бомбониера беше потопена.

Роналдињо и деби голот на Меси за Барса

Некогашниот светски број еден, Бразилецот Роналдињо вели дека се радува секогаш кога ќе се сети на моментот кога му асистирал на Меси за првиот гол на Аргентинецот во дресот на Барселона.

Македонија се разбуди и ја наполни Црна Гора со 4 гола

Новиот селектор на Македонската фудбалска репрезентација имаше деби од соништата. По целата патетика околу резултатите и ранг листата на ФИФА, нашиот национален тим блесна на Филип Втори и ја победи Црна Гора во пријателски меч со 4:1.

Аргентина vs Бразил, 101 меч за 101 година

Вечерва во 1 по полноќ ако не ви се спие случајно, ви најдовме занимација. Во Буенос Аирес ќе се судрат најголемите ривали од Јужна Америка во 3. коло од квалификациите за СП 2018. Историјатот им почна во 1914-та, а последниот меч го одиграа во 2014-та. Има многу што да се напише за нив.

Значењето на Марко Верати во ПСЖ

Кога ја гледаш играта на ПСЖ не треба да ти бега окото само кај Златан. Силна страна во играта на Парижаните е и средниот ред каде веќе четврта сезона гази Италијанецот кој дојде од Пескара.

Еволуцијата на европската фудбалска топка

Beau Jeu или во превод од француски Убавата игра се вика новата фудбалска топка со која ќе се игра Европското првенство во Франција следната година. Еве како изгледаа сите топки за ЕП од 1960-та до денес.

Кое е детето што го спасува Милан?

Милан лансираше голман за следните 20 години и време е да дознаеме нешто друго за него освен дека има 16 години.

Во ритам со навивачите

Нема појак од овој судија, просто да му е криво на човек што видеово завршува за пола минута. Сакаме уште.

Топ 20 клубови кои произведуваат најмногу таленти

Барселона ја има најголемата бројка на талентирани деца, Атлетик Билбао ги има најмногу задржано, а оние на Монако играат најмногу.

Ѓупското лето ги извади фудбалерите на плажа

Ноемвриското сонце пукна и во Италија, а тренерот на Кротоне, Иван Јуриќ прв реши да го искористи до максимум. Хрватскиот стратег ги изнесе своите фудбалери да тренираат покрај море.

Последниот меч меѓу Англија и Југославија

На денешен ден во 1987 година, селекцијата на Југославија во Белград пред 70.000 гледачи ја пропушти последната шанса да се прости од Европските првенства пред да се распадне. Проблемот беше што во првите 25 минути прими четири гола.

Богат е оној кој се задоволува со малку

Животот ни малку не го галел Нолито. Фудбалерот на Селта Виго и шпанската репрезентација растел без татко и мајка, но стигнал до врвот благодарение на дедо му.

Стоп за играње со глава за деца до 10 години

Фудбалската федерација на САД ќе донесе ново правило во фудбалот на овој континент за да ја намали големата бројка на деца кои добиваат потрес на мозок.

Тинејџер на Базел доби бакнеж за покажување фер плеј

Базел губеше на домашен терен 2:3 од Грасхоперс, а при крајот на средбата судиите им подарија корнер. 18 годишниот Брел Емболо им ја исправи грешката и со тоа покажа дека е дете за пример во фудбалот од кој може да се учи фер плејот.

Ангеловски: Сакам да наметнам похрабра и поофанзивна игра

По очајните квалификации на последното место и кусата авантура на Љубинко Друловиќ кој не оствари ни една победа, утре во 18 часот на Филип Втори против Црна Гора, на кормилото на репрезентација ќе дебитира 17-ти селектор.

Најстариот фудбалер во светот ќе игра уште

Италијанците го имаат рекордерот Марко Балота кој на 43 години бранеше во ЛШ за Лацио, ние го имаме Тони Мицевски кој на иста возраст играше, а можеби и уште игра за родното село Поешево, а Јапонците го имаат Миура кој постојано ги поместува границите.

Фиат Панда, навигатор и тура низ стадионите во Италија

Рикардо, Андреа, Џулио и Федерико се четворица студенти од Перуџа кој еден ден решиле да ги рипнат предавањата и да се спуштат низ Апенините за да ги видат сите стадиони. Резултатот е 2.800 поминати километри за три дена и покана на стадионот во Удине.