Изгледаше дека Трамп ќе биде редовен гостин барем на натпреварите на САД, но тој не доаѓа на стадионите.
22 дена по отворањето на Светското и 82 одиграни натпревари досега, а Доналд Трамп не е виден на некоја од средбите. Сè уште нема јасно објаснување зошто тој не доаѓа на фудбал ако се знае дека порано бил редовен гостин на кошарка, бејзбол, американски фудбал итн.
За разлика од него, на пример рускиот претседател Владимир Путин на Светското 2018-та во Русија беше присутен на некои натпревари и посебно на финалето на кое се очекува во САД да биде и Трамп. Тој во меѓувреме, според неговите најблиски соработници бил презафатен со обврски, патувал на Самитот на Г7 и не стигнал да погледне некој натпревар.

Во исто време премиерот на Канада Марк Карни присуствуваше на натпреварот на неговата земја против Катар во Ванкувер, а мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум изјави дека таа нема да следи ниту еден натпревар во живо со цел да обрне внимание на скапите цени на влезниците на Светското.
Трамп не дошол се уште да гледа фудбал, но на трибините се појавија Државниот секретар за безбедност Марквејн Малин, министерот за здравство Роберт Ф Кенеди и оној за транспорт Шон Даги. ФИФА во меѓувреме неколку пати се заблагодари за огромната поддршка што ја има од администрацијата на САД за помошта при организацијата.