Зошто му беше поништен пеналот на Хулиан Алварез?

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа уште една јака битка која долго ќе се раскажува. Домаќинот даде гол уште во 27-ма секунда, еден од најбрзите во историјата на еврокуповите и ја надомести веднаш негативата од првиот меч (2:1). Винисиус промаши пенал за израмнување во 70-та минута, и тој резултат 1:0 стоеше дури до и по продолженијата па се премина на пенали. А таму Хулиан Алварез постигна гол но на ВАР се утврди дека при падот кога се лизнал имал два контакти со топката и неговиот погодок беше поништен.

Диего Симеоне на прес-конференција после мечот, во мирен тон праша некој новинар:

„Дали имаше двоен контакт на пеналот на Хулиан Алварез? Вие го видовте ли? Го видел ли некој? Кој го видел со сигурност нека крене рака“ Предмалку ја видов ситуацијата со Алварез... Судијата вели дека Хулијан ја допрел топката кога се лизга со левата нога, но топката воопшто не се помрдна, мислам дека тоа е доволно за да има сомнежи тоа дали треба да биде гол, или не. Никогаш немам видено интервенција на ВАР при еден пенал рулет, но без оглед на се, јас останувам горд на моите играчи.

Чоло Симеоне изјави и дека е горд на неговите играчи за кои бараше аплаузи и овации од навивачите после натпреварот:

„Повторно не го победивме Реал Мадрид во Лигата на шампиони, но мора да се напомене дека Реал секогаш проаѓаше доста лошо во дуелите со нас. Си заминуваат од тука уживајќи во победата, но со помисла дека секогаш максимално им ја отежнуваме работата“.

Фудбалерите на Реал Мадрид веднаш реагираа по пеналот на Алварез и го опколија главниот судија кој се реши да гледа ВАР:

Тука погледнете ги головите и најинтерсните моменти од сите натпревари во Лига на шампиони

13 март 2025 - 08:04