ФА
Проблемите на Англичаните почнаа на административно ниво. Фудбалската асоцијација е една од ретките во светот која создава методи за пробивање на психолошката бариера во репрезентацијата, но на ЕП 2016 тие се надминаа себеси.
Пред почетокот на групната фаза, претседателот на ФА Грег Дајк зборувал во емисија на радиото БиБиСи:
„Имаме многу јасни цели. Решението за нов договор со Хоџсон ќе биде по завршувањето на Европското. Ако Англија настапи добро, игра добар фудбал, договорот ќе биде продолжен. Што би било убаво? Да се стигне до полуфиналето; или четвртфинале во кое ако се сретнеме со една од најдобрите репрезентации и евентуално загубиме или одиме на пенали, нешто така.
Дајк не кажа ништо ново. Со изјавата со која му даде шанса на Хоџсон да ја продолжи работата во репрезентацијата звучеше како секој втор навивач. Но дали можеше да најде полош момент за таква изјава?
Во рок од неколку дена по натпреварите во групи, сите британски медиуми излегоа со информација дека раководните луѓе на ФА се „крајно незадоволни" од ротацијата на Хоџсон во последниот меч од групната фаза.
Сето ова не може да служи како оправдание за Англија. Реалниот проблем на ФА е подлабок. Тие именуваа селектор способен да организира селекција но го примораа да игра мошне напаѓачки фудбал, можеби без неопходни ресурси за тоа.
Во декември 2015 година, извршниот директор на ФА Глен Мартин изјави: „Моите критериуми, критериумите на ФА се во склад со желбите да видиме напредок како во поглед на играта така и на резултатите. На последниот турнир ние се мачевме, не игравме."
Ситуацијата стана уште поапсурдна кога ќе се зарони во детали: „Јас не му зборувам на Рој како да игра тактички, но начинот на кој ќе игра репрезентацијата можно е да се мери со нумерички показатели. После Еврото ќе се состанеме со него и ќе направиме таква проценка", раскажал Глен.
Тоа просто значеше дека на прагматичниот Хоџсон му поставија задача да игра условно убав и модерен фудбал кои ќе ги задоволи определените нумерички показатели (статистиката). Англија автоматски се лиши од можноста да оди по патот на Италија која субјективно на најголемите натпревари изгледаше одлично, затоа што таквиот пат не се вклопуваше во примитивните статистички рамки на ФА чии луѓе сакаа нешто друго.
И на крај, класичен пример за дефинирање на проблемот е законот на Гудхарт: „Кога социјалниот или економскиот показател станува мета за социјалната и економската политика, тој престанува да биде кредибилен показател. Процесот на вреднување на квалитетот на раководењето може да даде лажна оценка".
Од тогаш Англија се обидуваше да има посед на топката и шутеви во рамките на голот, но овие бројки не го отсликуваа стварниот напредок. Можеби поразот од чудесниот Исланд и покажа на ФА колку незгодно може да биде ако играте во наметнат стил.
ХОЏСОН
Сега е очигледно дека селекторот на Англија немал јасна претстава за оптималниот состав. Таквиот проблем долго време одморал на страна, затоа што Англија достојно ги одигра пријателските средби пред Европското, но на голем дел од нив ја градеше играта без Руни. Вејн играше само на последната од нив, со Португалија, во која Англија играше во формација 4-4-2 ромб со Руни во улога на десетка, а на првиот меч од ЕП заиграа 4-3-3 и тумбањето не престана до крајот.
„Избравме таков состав кој има доволно можности да игра во 4-4-2 или 4-3-3 дијамант. Иако во наша интерпретација не се разликуваат многу една од друга. Стилот на игра остана ист", изјави Хоџсон.
Иако избра состав со 6 напаѓачи, Рој ниту еднаш не го проба системот 4-4-2 ромб на турнирот.
Сега е доцна, но турнирот на Англија може да се подели на два дела - позитивен и негативен. На три меча во групата играа релативно добро, доминираа во посед на топка, не дозволуваа противнапад од противниците и создаваа шанси за гол. Ако собереа 9 бода на трите меча во групата, тешко дека некој ќе зборуваше дека играле слабо.
ПОТЦЕНУВАЊЕ НА ПРОТИВНИКОТ
Хоџсон го нарече Исланд репрезентација која што е неверојатно тешко да се победи. Се чини дека не можеше да ги убеди играчите па дури ни стручниот штаб во тоа. По информации на главниот уредник во фудбалскиот оддел на The Guardian, Дениел Тејлор, членови на стручниот штаб во кампот признале дека се радувале кога Исланд го дал победничкиот гол против Австрија што значело дека Англија ќе игра со нив, а не со Португалија.
Прекрасен пример за потценување. „Ги гледав сите три меча на Исланд во групата. Компактни се, добро работат на теренот и спремни се да жртвуваат се за победа. Ларс Лагербек ги искористил сите предности на тимот. На пример тој најде играч кој фрла аути како Рори Делап на што ќе мора да обратиме внимание", изјави Рој Хоџсон пред мечот.
Првиот гол Англија го прими после аутот на Арон Гунарсон за кој Рој зборуваше на прес-конференцијата. Одличниот Исланд не ја ограничи играта само на свој фудбал, туку здраво ги искористи и слабостите на Англичаните. На пример, во првото полувреме, тие се откажаа од традиционалното водење топка и играа на брзи додавања со што ја присилија Англија на пресинг кој остави простор зад англиската одбрана.
ЏО ХАРТ
Потрагата по жртвено јагне во редоследот на важности е многу поневажен во однос на реалните проблеми, но не можеме да го игнорираме. Џо Харт не е преценет голман, не е ниту на врвот, меѓу англиските голмани нема доволен квалитет, Англија има посериозни проблеми, но Џо помина ужасен турнир.
Ситуацијата во која голманот има помалку одбрани од примени голови се смета залош учинок. По мечот со Исланд неговиот скор беше 4 примени гола од 8 директни шута во рамките на неговиот гол. Џо делимично се рехабилитираше со неколку добри одбрани, но минимум 2 од 4 гола во голот на Англичаните одат на негова совест, особено оној најважниот со кој испаднаа од Европското.