Салцбург од 0:3, успеа да стигне до 3:3 на жежок терен каде ретко кој друг може да успее и потоа загуби 4:3.
На Ливерпул му требаа 36 минути за да стигне до убедливи 3:0, но дека тоа не е доволен резултат покажа семафорот во 60-та минута каде стоеше нерешено.
Односно покажаа гостите кои на пауза заминаа со 3:1, а потоа добија јака мотивирачка лекција од нивниот стратег Џеси Марш кој ги искритикува дека премногу го респектираат противникот.
Повеќе зборуваше на германски, но има и делови на англиски. Како и да е, се гледа дека е одличен мотиватор.
„Ова не е ебена пријателска, туку меч од ЛШ. Мора да им играме физички појако и да ги заглавиме. Бидете по немилосрдни против Ван Дајк, играме со многу почит. Премногу почит.
Дали се јаки? Да. Ама тоа не значи дека треба да бидеме фини со нив, да не ги буткаме и да не се бориме. Треба да не почувствуваат и да знаат дека сме тука да се надигруваме, а не дека сме дошле само на гости. Тука сме да играме, да му се сневиди.
Ќе зборуваме за тактика, но тогаш кога ќе се појавиме на терен со поголема самодоверба и волја. Сега сме ние против нив. Ајде да ја подигнеме нашата ебена волја, нашата борба. Видовме дека се јаки, ама можеме да бидеме подобри и да внесеме живот во нашата игра.
Се работи за самодоверба и физичка состојба. Тоа е тоа. Ајде момци, имаме уште многу што да покажеме“.