
23-годишниот центарфор на Штутгарт Ник Волтемаде ги руши сите шаблони. Тој е Германец, никогаш нема дадено гол од слободен удар, висок е 198 сантиметри и важи за еден од највисоките напаѓачи во европскиот фудбал.
Веројатно во светот нема погромаден играч кој е споредуван со Лео Меси како што е Ник Волтемаде.
Тој е најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Еуро 2021 со 6 гола и 3 асистенции: хет-трик против Словенија, 1 гол и 2 асистенции со Чешка, 1 гол и 1 асистенција против Италија во четвртфинале, гол против Франција во полуфинале.
Младинското Еуро 2025 за играчи до 21 година е главен настан летово.
ДА ГО ГЛЕДА ВОЛТЕМАДЕ КОЈ НЕ ГО ГЛЕДАЛ
Пред да почнеме што било околу Ник Волтемаде, треба да го погледнете ова. И ова.
Најкоментиран и најлајкан коментар под првото видео е: „Крауч + Меси“.
Капитенот на Штутгарт Атакан Каразор за својот висок соиграч вели „двометарски Меси-Мусиала“ (Zwei-Meter-Messi-Musiala во превод).
Ник Волтемаде е одличен и во комбинациона игра, тој одлично се отвора, сјајно игра без топка и секогаш е спремен да пронајде соиграч кој е во подобра позиција. Најдобра карактеристика му е кога е свртен со грб кон голот, таканаречен link-up play, но маестрално игра и како крилен напаѓач иако е висок речиси 2 метри.
Волтемаде е напаѓач на новата генерација, тој не се ограничува само со работа внатре во шеснаесетникот туку може да ја земе топката и од средина на терен и да организира напад и асистира за гол. Тој не е класична деветка па затоа селекторот на Германија Јулијан Нагелсман го вика „класична 9,5“ што е меѓу деветка (шпиц-завршница) и десетка (организатор на игра).
„Мене ми е сеедно како ме користат, дали поблизу до противничкиот гол или на средина. Осумка, деветка, па дури и центарфор, мене ми е сеедно. Најважно е да бидам на терен“, вели Волтемаде.
Тој е можеби најдобар напаѓач кога градење топка и простор се во прашање. Како на пример на голот во финалето на германскиот Куп.
Необично е што дуел играта односно головите со глава му се послаба страна и тој дал само 1 од дури 17 гола за Штутгарт со глава. Но летово има голем развој, тој на младинското Еуро У-21 дал 3 гола со глава.
СТАТИСТИКАТА ЗА УСПЕШНИ ДРИБЛИНЗИ МУ Е ЧУДЕСНА
Волтемаде на моменти, колку и да звучи парадоксално, навистина со некои продори и дриблинзи потсеќа на единствениот Лео Меси.
„Коза лаже, рог не лаже“ би рекле старите и навистина е така во случајот со високиот Ник Волтемаде. Тој има 3,94 (96%) обиди за дриблинг од кои 1,72 (96%) успешни дриблинзи во просек.
Во Бундеслига ова е втор резултат зад неприкосновениот Флоријан Вирц кој на еден меч против Волфсубрг имал 10 успешни дриблинзи од 14 обиди. Ник Волтемаде имал против Сент Паули 8 успешни дриблинзи од 9 обиди.
Во сезоната 2024/2025 која штотуку заврши успешни обиди за дриблинг имал и 190 сантиметри високиот Французин Уку Етиките. Но тој е далеку побрз од Волтемаде.
Меѓу другите високи дриблери кои успешно дриблале се и Артур Ата (Удинезе 189 см), Рафаел Леао (188 см), Морган Роџерс (Астон Вила 187). Волтемаде има повеќе дриблинзи од сите нив.
ВОЛТЕМАДЕ ДОЛГО ВРЕМЕ БИЛ ВО СЕНКА
Ник е дете на Вердер Бремен. На 1 февруари 2020-та година, на возраст од 17 години, 11 месеци и 18 дена тој станал најмладиот дебитант во историјата на Вердер. Го урнал рекордот на легендарниот рекордер и апсолутна легенда на клубот Томас Шаф (и како играч и како тренер).
Рекордот на Волтемаде бил брзо урнат, две години подоцна младиот стопер Фабио Кјародија дебитирал за прв тим на Вердер Бремен пред да наполни 17 години.
Но Ник не успеал во првиот тим. За возрасен фудбал и тренинзи со првата екипа немал доволно играчко искуство. За три сезони во Вердер Бремен одиграл едвај 300 минути фудбал.
Во сезоната 2021/2022 кога Вердер Бремен беше во втората германска лига (веднаш се врати експресно во Бундес), Волтемаде седел на клупата за резерви и учел од Никлас Фиклруг кој заигра и за репрезентацијата на Германија.
Волтемаде само што наполнил 20 години, Филкруг се приближил кон 30 години и поискусниот центарфор го внесе Вердер во Бундеслига за што доби и повик за Светско првенство 2022 каде постигна и гол.
Волтемаде првиот повик за репрезентација го доби во јуни 2025 и во моментов важи за прв шпиц на Германија.
Во сезоната 2022/2023 Ник Волтемаде на 20-21 година играл како позајмен играч во Елферсберг. Трета лига, клуб кој штотуку се пласирал од четврта лига. Интересно Елфесберг сензационално ја освоил трета лига а Волтемаде постигнал 10 гола со дури 5 асистенции!
Елферсберг е клуб од градчето Шпицен-Елферсберг со население од 13.000 жители. Годинава беа многу, многу блиску до Бундеслига - им остана само уште баражот против Хајденхајм каде не успеаа да победа. Волтемаде до ден-денес ги гледа натпреварите на оваа екипа и се интересира за нив.
Позајмицата во Елферсберг му ја подобрила позицијата во Вердер Бремен но не драстично. Тој првпат ја пробил бројката од 1.000 минути во сезоната 2023/2024. Се појавил на терен на 30 натпревари (12 од почеток). Постигнал два гола но сметале дека е тоа слаб учинок за напаѓач и не му дале повеќе шанси. Бил играч за ротација.
Вердер му предложил нов договор но Ник Волтемаде како слободен играч по крајот на договорот во Бремен, решил да потпише со Штутгарт.
ОД ЧЕТВРТИ ШПИЦ ДО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ГЕРМАНИЈА
Историјата на Волтемаде е навистина како за на филм.
Ник дошол како четврти напаѓач во хиерархијата на Штутгарт. Пред него стандардни биле Дениз Ундав (ѕвезда на Штутгарт, втор стрелец тогаш во Бундеслига), Ермедин Демировиќ (голем трансфер како замена за Серу Гираси) и Ел-Билал Туре (позајмен од Аталанта со право на откуп за 20+ милиони евра).
Волтемаде не бил пријавен за Лига на шампиони каде Штутгарт се палсираше. Тој првпат се нашол во првиот тим на Штутгарт во меч од Бундеслига дури на крајот од ноември во 11. коло. Напомена: сезонава стана репрезентативец на Германија.
Тренерот Себастијан Хенес му се доверил на Ник во Купот на Германија. По фази: 1/32 во август старт и гол. 1/16 фаза во октомври старт и гол. Во 1/8 финале старт и гол и асистенција. Ник Волтемаде така го убедил тренерот да му дава шанса во финишот од натпреварите во Бундеслига. Набрзо дал гол против Ајнтрахт, па два против Унион Берлин и тоа по влегување од клупа за резерви.
Туре доживеал тешка повреда, Денис Ундав паднал во форма (му се појавиле проблеми со тежина), Демировиќ давал по некој гол но тоа не било тоа. Така шанса добил и ја зграбил Ник Волтемаде.
„Многу сум благодарен што ми дадоа играчко време кое искрено и го заслужував“, рекол подоцна Ник Волтемаде. Тој тренер од него направил класа напаѓач.
Од средината на декември кога Волтемаде се пробил во првиот тим на Штутгарт, Ник го завземал петото место по број на голови во Бундеслига (девет). Повеќе од него имале само Патрик Шик, Серу Гираси, Хари Кејн и Лирој Сане.
Со 5 гола и 1 асистенција станал најдобар играч во Куп на Германија кој Штутгарт го освои после долги години. Ник давал голови и во полуфинале и во финале против Арминија Билефелд.
РОДИТЕЛИТЕ ГО ГЛЕДААТ НА СЕКОЈ НАТПРЕВАР
Ник Волтемаде има необична навика - очен контакт со родителите во време на натпреварите, како што е вообичаено за тенисерите. Пред секој натпревар Ник гледа каде седат мајка му и татко му и на паузите, за време на прекините се гледаат едни со други.
„Родителите ми даваат огромна сила, често ги гелдам горе и се радувам кога ме поддржуваат. Така ги полнам батериите. Независно од тоа дали играм или не, независно од резултатот на мечот, секогаш се тука со мене многу многу години. Многу сум им благодарен на тоа“, рекол Волтемаде.
Интересно, неговите родители биле големи навивачи на Штутгарт уште пред Ник да заигра за овој клуб.
„Некои роднини на моите одамна живеат во Штутгарт и јас во детството поминав многу време таму со врсници кои ми помогнаа да го научам градот. Татко ми е голем навивач на Штутгарт уште од времето на „Магичниот триаголник“ (напаѓакогото трио во средината на '90-те години Балаков-Елбер-Фреди Бобиќ). Тој ги гледал сите натпревари и одел дури и на гостувања иако живеевме во Бремен“, раскажува првиот шпиц на германската репрезентација.
Сега летово неколку гиганти се распрашуваат за високиот Волтемаде кој до пред само пар години играше во трета германска лига, а сега важи за еден од најдобрите центарфори во Бундеслига и предводник на нападот на репрезентацијата на Германија.