Вложувањата на Јунајтед носат најмногу поени

Познато е дека англиските клубови издвојуваат огромни суми на пари за платите на фудбалерите, особено во таборот на Сити, Јунајтед и Челзи каде некои играчи заработуваат и по 200 илјади фунти неделно. Но колку овие големи трошоци се исплатливи во однос на пласманот на табелата во Премиер лигата.

Веб порталот financialfairplay направи интересна анализа која го покажува соодносот на вложените пари на Премиерлигашите во плати за една година, со мометалниот изглед на табелата. Според овој показател, високиот пласман во првенството не е правило дека се остварува со скапи играчи.

Таков е случајот со екипата на Свонси која и покрај тоа што издвојува најмалку пари за плати на фудбалерите (вкупно 34 милиони фунти годишно), на табелата се наоѓа на седмата позиција. Сличен е примерот со Евертон кој котира на одличното шесто место, а годишно троши на плати 62 милиони фунти.

Гледајќи ја оваа табела, оваа сезона не е исплатлива ниту за Манчестер Сити каде Шеиците се први на табелата со годишен трошок од 200 милиони фунти за плати, а пласманот не е задоволувачки, затоа што заостануваат зад „Црвените ѓаволи" 12 бода.

Тоа не е случај и со Манчестер Јунајтед кој троши 38 милиони фунти помалку од градскиот ривал, но е лидер на табелата со големи шанси за освојување на титулата. Останатите екипи кои со помал влог имаат висок пласман се Тотенхем, ВБА, Стоук, Норвич и Саутемптон.

На Манчестер Сити во таканаречената незадоволувачка позиција друштво му прават Челси, Арсенал, Ливерпул, Астон Вила и КПР.

11 февруари 2013 - 16:07