Викенд на бизарни автоголови

Изминатово коло паднаа повеќе автоголови кои ги спакувавме на едно место. Во повеќето, најголеми несреќници беа голманите, особено оној на Бате Борисов кој со две несмасни интервенции му подари победа на противникот.

Фудбалерите на Лацио успеаа да слават против Парма со гол во 93 минута, но на 10 минути до крајот домашните навивачи беа во шок откако дефанзивецот Сијани му ја протна топката на својот голман низ нозе.

Маркети и не помина така лошо. Неговиот колега од Аузбург прими 3 гола од Мајнц и плус полна во нос која потоа заврши во гол.

Ова коло ќе сака што побргу да го заборави и чуварот на голот на Утрехт кој на 2 минути до крајот на средбата му подари водство на Нец, а за среќа во судиското продолжение неговиот тим израмни на 2:2.

Можеби најтрагичниот автогол на колото падна во четвртата англиска лига, и тоа во 90 минута за пораз на Оксфорд Јунајтед. 

Најзбунетиот голман овој викенд ни доаѓа од Бате Борисов кој загуби со 2:0 поради само поради неговите киксеви.

31 март 2014 - 13:47