Венгер го истера своето, ФИФА тестира радикално ново правило за офсајд

Легендарниот француски тренер успеа во намерата да воведе драстична промена за офсајд правилото и тоа го гледа како голем чекор напред.

Некошганиот трофеен тренер на Монако и Арсенал со години објаснуваше дека актуелниот офсајд систем оди во корист на напаѓачите и дека неговиот предлог за таканаречено „правило на дневна светлост“ (daylight rule) би придонело за подобрување на играта.

Сега конечно ФИФА одобри предлогот на Венгер да биде тестиран официјално во канадската лига. Ова претставува важен момент во дебатата за ВАР и милиметарските офсајд решенија.

Арсен Венгер, како шеф на канцеларијата за глобален развој на фудбалот при ФИФА, во ноември 2019-та го промовираше својот предлог а сега конечно планот на 76-годишниот Французин ќе почне да се тестира.

Според ова правило, напаѓачот би бил во офсајд само ако постои јасна празнина, односно „светлост“ меѓу него и последниот одбранбен играч. Со ова ќе се оспори сегашниот систем заснован на полуавтоматизирана офсајд технологија (САОТ) каде на играчите често им се сигнализира офсајд за микроскопски разлики.

Во моментов според сегашното правило доколку се процени дека рамето или прстот на ногата на напаѓачот макар 1 милиметар да е пред одбранбениот фудбалер, тогаш се свири офсајд и евентуален гол се поништува. Венгер вели дека „душата на играта“ е нарушена со вака екстремно тесни одлуки.

Тој велеше и дека ваквите ситуации често носат неколку минутни проверки при што ВАР на највисоко ниво понекогаш троши и до пет минути за да одлучи дали е офсјад. Французинот сега се загала за враќање на поедноставен пристап, без повлекување дигитални линии каде офсајд би постоел само ако ПОСТОИ видлива разлика меѓу напаѓачот и дефанзивецот.

Кога ја објаснувал оваа своја идеја, Венгер потсетил на некои историски преседани. Тој потсетил и дека сегашниот систем често ги остава играчите и навивачите целосно фрустрирани.

„Беше тоа во 1990-та година после Светското првенство во Италија кога немаше многу голови. Тогаш решивме да нема офсјад кога си во иста линија со одбранбениот играч“, вели Венгер.

Тој плус појаснува како новиот систем би ја вратил користа на сомнеж на тимот кој напаѓа:

„Во случај на сомнеж, сомнежот оди во корист на напаѓачот. Тоа значи дека кога постои минимална разлика напаѓачот има предност. Со ВАР таа предност исчезна и тоа за многумина е фрустрирачки. Затоа предложив се додека кој дел од вашето тело е во иста линија со одбранбениот играч, не сте во офсајд“.

Via 

3 март 2026 - 13:23