Ужас во Брисел - во терористички напад убиени навивачи на Шведска

Пред натпреварот Белгија - Шведска во рамки од квалификациите за Европско првенство 2024, терорист во Брисел убил двајца навивачи на шведската репрезентација и ранил уште еден човек исто шведски државјанин. Натпреварот и официјално беше прекинат на полувреме.

Во Брисел се убиени двајца шведски државјани, околу 19 часот по локално време, а натпреварот започна во 20:45. Се се случило на пет километри од стадионот „Крал Боуден“ каде се играше натпреварот од квалификациите за Евро 2024. Информацијата меѓу првите ја пренесе агенцијата Асошијетед прес.

Белгискиот медиум Het Laatste Nieuws меѓу првите потврдил дека станува збор за шведски навивачи и дека напаѓачот пукал со оружје Калашников. Тој прво пукал во колата во која биле навивачите а потоа влегол во првата зграда и тука пукал уште, а не е јасно каде го застрелал третото лице.

Белгија и Шведска го одиграа првото полувреме кога уште не беше јасно што се случило надвор а УЕФА по консултација со делегатот и претставници на двете селекции, како и со полицијата, решила да не се продолжува со фудбал.

„Фудбалерите решија да не го продолжуваат натпреварот. Тука се околу 700 шведски навивачи и тие треба да бидат на безбедно. Полицијата соопшти дека стадионот е најбезбедно место. На играчите на полувреме им е кажано што се случило“, рекол претседателот на кралскиот фудбалски сојуз на Шведска Фредерик Рејнфелд.

Натпреварот Белгија - Шведска на кој допатувале околу 700 белгиски навивачи бил одложен на полувремето, а полицијата и безбедносните служби процениле дека е најсигурно сите да останат на стадионот најмалку неколку часа. Евакуацијата започнала два часа по прекинот на дуелот.

Белгиската полиција соопшти дека е уапсен убиецот и станува збор за 45-годишниот Абдесалем Ласоуед од Шарбек кој од претходно бил радикализиран. Тој е од Тунис а во ова северно-африканска земја бил апсен за дела кои немаат врска со тероризмот а во белгиската полиција бил заведен како шверцер на луѓе.

Убиецот се нарекувал и член на терористичката организација ИСИС. Во меѓувреме тој барал азил кој му е одбиен и наредено му е да ја напушти државата.

По стравичните убиства во Брисел каде настрадаа двајца навивачи на Шведска кои се шетале во дресови на оваа репрезентација, на друштвените мрежи се појавиле снимки на кои се гледа како напаѓачот менува шаржер, бега од лице место и дури и се фали со убиствата.

Веднаш по нападот се појавила уште една снимка на друштвените мрежи на која се гледа маж за кого се верува дека е убиецот Ласуед кој на арапски вели дека „убил тројца Швеѓани“ (во нападот се убиени две лица а трето е тешко повредено).

На снимката се гледа како лицето носи портокалова јакна и оди по улицата, ги изговарал своето име и себеси се нарекува „воин на патот кон Алах“.

Белгиски Ла Либре: „Мотивот на терористот бил спалениот Куран во Шведска“

 

17 октомври 2023 - 08:25