На Милан и Интер кои според местото на табелата и формата максимумот кој може да го извадат е пласман во Лига Европа, нема да им се допадне оваа вест.
„Тој што ќе освои ЛШ или ЛЕ не значи дека автоматски отвора место плус во лигата за излез во Европа. Единствениот случај во кој земјата би имала еден претставник плус во Европа е доколку освои едно од европските натпреварувања и паралелно во првенството не обезбеди пласман на меѓународна преку својата лига или како победник во купот“, објаснува Инфантино.
Тоа значи дека доколку Фиорентина или Наполи оваа сезона стигне до пехарот во Лига Европа, ќе се пласира директно во Лига на шампиони. Но ако истовремено местото во Европа и обезбедено преку првенството или купот, нема да ослободи место за друг клуб.
Во ваков случај Милан и Интер ако сакаат наредната година Лига Европа ќе мора да бркаат шесто место во Серија А, кое сигурно ќе се отвори преку Купот на Италија бидејќи таму полуфиналисти се Јувентус, Фиорентина, Лацио и Наполи.
Генералниот секретар на УЕФА објасни и дека првенствата каде првите четири места носат во Лига на шампионите, може да добијат петти претставник, само ако тимот претходната сезона ја освои Лигата на Европа.
Ако тој клуб обезбеди Лига на шампиони преку првенството, тогаш остануваат четири претставници, а доколку се наоѓа на место кое води во Лига Европа, тогаш ќе стане петти претставник во ЛШ, но нема да отвори уште едно место за ЛЕ.