КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Горан Пандев (114 настапи, 36 голови)
Капитенот на Македонија го постигна голот во финалето од плејофот против Грузија и го зацврсти статусот на национален херој. Лидер на тимот, како и креативен и вреден напаѓач, 37-годишниот играч има одлична техника и може да создава и постигнува голови. Членот на Џенова има најмногу настапи и голови за својата земја.
Енис Барди (31 настан, 5 гола)
Фудбалерот од средниот ред на Леванте е добар во додавање, креативност и како закана за гол, особено од неговите позиции. Тој е најдобар изведувач на слободни удари во Ла Лига заедно со Меси. Со оглед на тоа што настапи на Европското првенство У-21 во Полска 2017, има и искуство од последниот турнир.
НЕЗАБОРАВНИ ГОЛОВИ
Првиот квалификациски гол за Македонија го постигна Митко Стојковски против Данска на 7 септември 1994 година во Скопје. Но најважен гол во историјата на македонскиот фудбал е оној на Пандев против Грузија во Тбилиси.
НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ
Откако Македонија дебитираше во меѓународни рамки со победа против Словенија на 13 октомври 1993 година (4:1) кога Зоран Бошковски го постигна првиот гол, во репрезентацијата имаше уште светли моменти. Голот на Артим Шакири директно од корнер против Англија во квалификациите за ЕП 2004 и победата над Лихтенштајн од 11:1 во квалификациите за ЕП 1996.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Голманот Благоје Видиниќ е единствениот играч од Македонија кој играл на Европско првенство настапувајќи за Југославија во 1960 година која стигна до финале против Советскиот сојуз.
Актуелниот селектор Игор Ангеловски е рекордер на клупата на Македонија со 45 натпревари. Неговиот скор е 20 победи, 10 нерешени и 15 порази.
Ангеловски е 17-ти селектор на Македонија од 1993 година, вклучувајќи и четворица привремени селектори. Само четворица од нив биле странци: Слободан Сантрач (Србија, 2005), Среќко Катанец (Словенија, 2006-2009), Џон Тошак (Велс, 2011-2012), Љубинко Друловиќ (Србија, 2015).
🇲🇰 Introducing EURO debutants, @ffmmkd!
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) February 12, 2021
🤩 Leading talents
🤯 Goran Pandev's play-off goal
🔢 Stats behind their qualification
👀 Predictions for North Macedonia at #EURO2020❓