Убавина од голови на Лајпциг, Шешко ги измеша во стилот на Роналдо да Лима
Лајпциг го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3:0 и обезбеди четвртфиналето во Купот на Германија. Внимавајте добро на движењата на хитот од Словенија Бенџамин Шешко. Има 21 година и е висок 195см, колку Ибра, на кој и потсеќа во стилот на игра. Но овој пат во шеснаесетник изеде двајца, со потези карактеристични за Роналдо Бразилецот, посебно голманот. Го издвојуваме и убавиот гол на Опенда. Елмас не беше во комбинација поради повреда.