Таг: Бенџамин Шешко

Убавина од голови на Лајпциг, Шешко ги измеша во стилот на Роналдо да Лима

Лајпциг го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3:0 и обезбеди четвртфиналето во Купот на Германија. Внимавајте добро на движењата на хитот од Словенија Бенџамин Шешко. Има 21 година и е висок 195см, колку Ибра, на кој и потсеќа во стилот на игра. Но овој пат во шеснаесетник изеде двајца, со потези карактеристични за Роналдо Бразилецот, посебно голманот. Го издвојуваме и убавиот гол на Опенда. Елмас не беше во комбинација поради повреда.

Соло мајсторија на Шешко ала Меси, словенечкиот коментатор во стилот на jужноамериканските

Словенија го доби Казахстан со 3:0, а Бенџамин Шешко го постигна првиот хет-трик за репрезентација. 21 годишниот словенечки бисер кој му е клупски колега на Елмас, воодушеви со слалом, па уште и го зачини со маестрална завршница.

Шансата на Шешко кој го имаше четвртфиналето во раце

21 годишниот Бенџамин Шешко ќе беше херој на Словенија во 115 минута, а Пепе трагичар. Ама сè се сведува на тоа „ќе беше“. Херој сепак е Диого Коста кој прво му одбрани чист гол на напаѓачот на Лајпциг, а потоа им ги фати сите пенали на Словенците.

Koј е Шешко, детето по кое урлаше словенечкиот коментатор?

Го споредуваат со Халанд, бидејќи имаат слична конституција, координација, инстинкт и сличен пат и велат дека веќе излегол од неговата сенка. 

Падна евроголот на сезоната во Лига на нации, го даде 19 годишен Словенец

Шведска и Словенија одиграа 1:1, во натпревар кој немаше големо резултатско значење, но затоа ќе остане запаметено ова ремек дело на 19 годишниот Бенџамин Шешко кој настапува за Салцбург. Коментаторот го спореди со оној на Марко ван Бастен, постигнат на ЕП 1988.