Веднаш по одличната партија и трите гола на натпреварот против Астон Вила со кои неговиот тим ја обезбеди 20-та титула, илјадници навивачи на Манчестер Јунајтед му честитаа на @rvp преку Твитер.
Проблемот е што корисничкото име на Твитер @rvp му припаѓа на телекомуникацискиот консултант од Индија, Рави Висвесвараја Прасад, додека пак твитерот на Ван Перси е @Persie_Official.
Ова не е прв пат како индискиот РВП е добива вакви пораки, но овој пат тој беше „бомбардиран" и стана ѕвезда на Твитер. Само неговиот твит во кој објаснува дека тој не е Робин ван Перси има над 11.000 ретвита.
RVP is the account of Ravi Visvesvaraya Sharada Prasad, a telecom & infotech consultant in India. RVP is NOT the account of Robin van Persie
— RaviVisvesvaraPrasad (@rvp) March 28, 2013
Индиецот стана до толку голем хит на Твитер што за него почнаа да се прават и фотомонтажи: