Еузебио е роден е во 1942 година во поранешната португалска колонија Мозамбик.
Од 1960 до 1975 година беше член на Бенфика каде го оствари најголемот рекорд во клубот со 638 постигнати голови на 614 настапи.
Според Меѓународнaта федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) тој се наоѓа на деветтата позиција на листата на најдобри играчи на 20 век.
Во 1965 година ја освои „Златната топка", а во 1968 и 1973 година како најдобар стрелец во Европа стигна и до две признанија на „Златната копачка".
Со екипата на Бенфика освои 11 шампионски титули, пет португалски купови и една титула во Лигата на шампионите.
Со селекцијата на Португалија на 67 средби постигна 41 гол, а на Мундијалот во 1966 година стана најдобар стрелец со девет голови.
Кристијано Роналдо со заедничка слика на Твитер му оддаде почит и напиша дека ќе остане засекогаш вечен.
Луис Фиго на Твитер: Голема загуба за сите нас. Тој е крал.
Владата на Португалија прогласи три дена жалост за генијот на фудбалот, а неговото тело два дена ќе биде изложено во просториите на стадионот на Бенфика.