Роберт Левандовски и Хамдалах од Ал Наср оваа календарска година се стрелци број 1 во светот со по 47 погодоци, примат за кој борбата сè уште не е завршена, бидејќи има уште два месеци.
Само 4 гола зад нив е Меси, а во топ 10 се Вела, Тадиќ, Запата и уште некои.
Ако скролнете уште малце подолу, ќе видите македонско знаменце до кое стои Иван Тричковски. Македонскиот репрезентативец годинава прави растур систем пред гол и во моментов е 19-ти најдобар стрелец во светот за 2019-та со 30 погодоци, исто колку што има и еден Агуеро.
Само еден гол повеќе од него имаат гол машини како Ибра, Мбапе и Стерлинг, ама затоа тој има еден повеќе од Бензема и Обамејанг. Иван води со 2 гола пред славни фаци како Суарез, Мане и Салах, 3 од Пеле, 5 од Кристијано Роналдо, Хари Кејн и Фабио Кваљарела. Уф, колку јако звучи ова.
Е сега уште збор два зошто Тричковски е рамо до рамо со едни светски ѕвезди, а подобар од други. Викендов постигна хет-трик, а летоска во ЛЕ му збрца 4 комада на Левски.
Во април годинава стана најдобар клупски стрелец во историјата на АЕК Ларната каде игра од 2016-та.
7️⃣2️⃣ Goals - Ivan Trickovski
— AEK Larnaka (@AEK_LARNAKA) April 14, 2019
Πρώτος στον πίνακα των σκόρερ σε όλη την ιστορία #AEK! 👏 pic.twitter.com/Tag2MnfBT5
А го прогласија и за играч на сезоната.
Дефинитивно заслужува поголема минутажа за репрезентација.