Некогашниот играч на Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Клуб Бриж и Легија Варшава, по којзнае кој пат е најдобар играч на колото на Кипар.
Со капитенска лента околу раката, Иве му даде три гола на Паралимни и сега со 9 гола е убедливо прв стрелец на листата најдобри голгетери, што во првенство со огромен број странски фудбалери (претежно Бразилци и Аргентинци) и не е баш лесно.
Тричковски пет пати ја тресеше мрежата и во Лига Европа летово, а се прослави со неверојатни 4 гола против ЦСКА во Софија.
Синоќа Скопјанецот за само 19 минути постигна три гола од кои два од пенал и беше најзаслужен што неговиот тим успеа да се врати на 4-4 на крајот иако губеше 1-3. Ова е петти нерешен исход на АЕК Ларнака на седум средби во домашниот шампионат сезонава.