Скај спорт прикажа табела на дел од клубовите кои се учесници во Лига Европа, каде ги гледаме петмината фаворити барем што се однесува на тоа каде се рангирани на листата на УЕФА.
Фудбалерите на Фиорентина вечерва му гостуваат на првиот на оваа позиција, кој е 18-ти во Европа според рангот на Европската куќа на фудбалот. На врвот на оваа листа кои се моментално учесници во ЛЕ, зад тимот на Маурицио Покетино се Зенит, Интер, Наполи и Олимпијакос.
Зачудува 14-то место на Ливерпул, кој е вкупно 41-ви во Европа, а само две места зад него е тимот на Селтик.
Со оглед на големата конкуренција на силни клубови и дополнителниот мотив за пехарот, оваа табела не е репер за фаворитската улога на титулата.
Годинашниот победник на Лига Европа ќе добие директно учество во Лигата на шампионите за идната сезона, така што за финале сигурно голема битка ќе водат и екипи од калибарот на Рома, Севиља, Спортинг, Волфсбург, Ајакс, ПСВ кои ги нема на врвот.