Минатото лето тимот од Лондон стана првиот премиерлигаш кој после 15 години не потпишал ниту еден нов фудбалер. 15 години затоа што актуелниот формат на трансфер преоден рок датира од 2003 година кога имаше само еден прозор за сите лиги во Европа.
Единствена зделка на Спарси пред шест месеци им беше планираниот камбек на Винсент Јансен од позајмица во Турција.
Само според гласините Тотенхем во јули и август гледал потенцијални засилувања во Антони Марсиал, Кристијан Пулишиќ и Малком но остана на гласини.
Тренерот Маурисио Почетино реагирал спокојно на пасивноста на раководството кое се погрижи клубот да добие ултра-модерен стадион кој уште не е отворен.
„Ако не можеме да донесеме играч кој ќе го засили составот, најважно е да бидеме сигурни дека нема да ги изгубиме лидерите во тимот. Клубот направи голема работа што ги задржа најдобрите играчи во составот“.
Зимава Тотенхем пак се интересирал за напаѓач: Ориги, Санабрија или Роси, со цел да ги компензира повредите на Хари Кејн и отсуството на Сон на Купот на Азија. Во меѓувреме Муса Дембеле отиде во Кина а Н’Куду во Монако.
Последен трансфер на клубот беше Лукас Мура во јануари 2018 година за нешто повеќе од 28 милиони евра.
Од тогаш до денес, конкурентите на Тотенхем од големата шесторка на англискиот фудбал во двата последни преодни рока потрошиле 612 милиони евра на повеќе од 20 засилувања.
Челси потрошил 210 милиони евра на 5 нови играчи, Ливерпул 182,2 милиони на 4 засилувања, Арсенал 81,5 за 6 играчи, Сити 77,1 милион за 5 фудбалери, Јунајтед 61 милион евра на тројца новајлии.
Ваквиот молк од Тотнем се должи во најголем дел поради трошоците за новиот стадион. Екипата игра на „Вембли“ затоа што новата арена имала уште некои детали за средување (безбедносни елементи). Ориентационо Тотенхем таму би заиграл во февруари 2019.
И покрај сето тоа, екипата турка добро: трети се во Премиер лига со комфорно бодовно салдо и второ место како реална опција. А во осминафиналето на Лига на шампиони ги чека Борусија Дортмунд.