Топ асистенција на Џани Алиоски, растураат со Ријад Марез

Богатиот Ал Ахли од Саудиска Арабија полека влезе во ритам и новите врвни засилувања се воиграа. Денес тимот на нашиот Езџан Алиоски славел втор триумф во 2. коло на саудиската лига, на гости 1-3 кај Ал Калиџ. Голови дали новајлиите Роџер Ибањез и Ријад Марез а на новодојдениот бразилски стопер од Рома му асистирал нашиот репрезентативен бек.

За ултра богатиот Ал Ахли играат уште и ѕвездите Франк Кеси, Алан Сент Максиман кој дојде од Њукасл, Ријад Марез, голманот Едуар Менди од Челси, како и Роберто Фирмино од Ливерпул. 

17 август 2023 - 23:13