Договорот меѓу Елиф Елмас и Лајпциг, кој ќе игра осминафинале во ЛШ против Реал Мадрид, паднал доцна синоќа и се очекува да се официјализира во јануарскиот преоден рок.
„Тhe Аthletic“ пишува дека изворот кој го потврдил траансферот зборувал под услов да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да одговара на прашања за темата.
Се работи за 24 милиони евра плус 1 милион за потенцијални додатоци. За сега не е позната платата на Елмас, кој ќе потпише за бундеслигашот договор до летото 2028-ма.
Со овој трансфер, Елиф всушност си го сруши сопствениот рекорд, кога од Фенербахче во Наполи потпиша за сума од 16 милиони евра и тој ги има двата најскапи трансфери на македонски фудбалери во историјата.
Трет останува и натаму оној на Дарко Панчев од Црвена Ѕвезда во Интер за 12 милиони евра.
Четвртата и петтата позиција му припаѓаат на Горан Пандев, кој од Интер во Лацио потпиша за 8 милиони евра, а од Интер во Наполи за 7,5 милиони.
Инаку Пандев останува најплатен македонски фудбалер со годишна плата од 3,5 милиони евра во Интер, како и 2,5 милиони во Наполи. Платата на Елмас стигна до околу 1,5 милиони по сезона.
Елмас во Наполи мина четири и пол сезони, одигра 185 натпревари и постигна 19 голови. Во сезоната 2019/2020 го освои Купот на Италија, а она што ќе остане запечатено како најважно е освојувањето на Скудетото, трето во историјата за клубот и прво после она на Марадона.
🔴⚪️🇲🇰 RB Leipzig have reached an agreement on personal terms with Eljif Elmas as negotiations with Napoli are at final stages.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 20, 2023
€25m fee confirmed, as revealed yesterday.
Exclusive story, expected to be sealed soon. pic.twitter.com/T07JN5kLvY