
Терзиќ се огласи по повод трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе и го потврди убавиот гест.
Вардар и Црвена Ѕвезда ќе одиграат пријателски натпревар на Градски во Скопје на 16 април, а парите од картите ќе бидат донирани за семејствата на загинатите.
„Сите во Црвена Ѕвезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш ги контактиравме нашите играчки легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски. Со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да гостуваме во Скопје на 16-ти април и да одиграме хуманитарен натпревар.
Сите приходи од овој натпревар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е најмалку што може да направи Црвена Ѕвезда за својата братска Македонија во ова тешко време.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку оваа трагедија нè погоди и дека сме обединети во тагата со семејствата“, изјави Терзиќ.
Србија, фала ти, порача Дарко Панчев за Спортал.рс, од кого произлезе идејата за одигрување на два вакви натпревар. Вториот меѓу селекциите на Македонија и Србија.
„Се слушнав со Пикси и Терзиќ и им ја пренесов мојата идеја. Им благодарам што одговорија со добра волја, покажаа дека се вистинскиски величини.
И за Србија и Македонија би бил добар овој меч. На нашиот селектор би му послужил да ги осознае можностите на своите играчи против силна репрезентација, а истовремено целиот приход би отишол кај семејствата на настрадите во ужасната трагедија во Кочани.
Пикси тоа го најави на прес, а својата идејата му ја кажав и на Терзиќ. Му предложив Ѕвезда да дојде во Скопје, да одигра против Вардар, па и тој приход да оди за истите цели“, изјави Панчев.
Сочуство изрази и Драган Стојковиќ Пикси, па се очекува потврда за хуманитарен натпревар и меѓу двете земји.