Светски рекорд: клуб од Малезија со 113 натпревари по ред без пораз

Клубот Дарул Такзим, клуб воден од принцот-наследник на Малезија поставил нов светски рекорд. Овој клуб уште на 21-ви август го надминал рекордот на АСЕК Мимозас од Брег на Слонова Коска кој во своето домашно првенство немал пораз 108 натпревари по ред од 1989-та до 1994-та.

ДАРУЛ ГО ВОДИ ПРИНЦ НАСЛЕДНИК НА МАЛЕЗИЈА КОЈ ЈА КОНТРОЛИРА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ОВАА ЗЕМЈА

Дарул не знае за пораз во првенството уште од април 2021-ва година, повеќе од 5 години. Иако во Купот на Малезија, во Суперкупот на Малезија и во азиската Лига на шампиони немаат таква доминација и таму често доживуаат порази.

Затоа во домашното првенство на Малезија имаат неверојатна серија и 12 шампионски титули по ред!

Дарул од 2013-та го води принцот наследник Тунку Исмаил Идриз, некогашен регенд на државата-султанат Џохора.

Тунку од дете играл ватерполо и се занимавал со коњски спортови. На 29 години станал сопственик на ФК Џохор и прв човек на клубот Џохор ФА. Решил да ги обедини и ги преименувал во Дарул Такзим. Вложил пари и почнале да освојуваат трофеи.

Наследникот принц во 2017-та година победил на изборите за прв човек на фудбалската федерација на Малезија и тоа само затоа што други кандидати немало. Иако на година дена до изборите рекол дека и покрај желбата да ја води фудбалската федерација нема да може во исто време да ги води клубот и федерацијата, сепак тоа не му засметало.

Според Ројтерс, принцот сакал да ја води и репрезентацијата на Малезија. Уште во 2025-та година претставил план за засилување на репрезентацијата со странски фудбалери кои би биле натурализирани. Барале играчи и нашле седум фудбалери во Аргентина, Бразил, Шпанија и Холандија. Но ФИФА се вмешала ѝ не дозволила регистрација.

ФИФА пронашла фалсификувани документи, ја отстраниле репрезентацијата на Малезија на една година а федерацијата била парично казнета. Тунку го нарекол ова решение „политички“ и „објавил“ војна на организацијата која според него „има двојни стандарди“. „Како другите може да натурализираат играчи а Малезијците не?“

Наследниот принц продолжува да се занимава со репрезентацијата: веќе побарал тројца странски селектори но сите одбиле. Турку сака да ја види Малезија на следното Светско првенство и тоа е негова главна цел. Тие никогаш не играле на Мундијал.

ФК ДАРУЛ ИМА СТАДИОН СО 27.000 МЕСТА, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ИМ Е ЕКС ФУДБАЛЕР НА БАРСА

Принцот наследник не заборава ниту за ФК Дарул додека е во репрезентацијата. Буџетот на клубот е 14 милиони долари годишно. Огромен во однос на другите. Во 2020-та година принцот го отворил новиот модерен стадион „Султан Ибрахим“ во Џохор кој собира 27.000 гледачи.

Дарул има партнерски договори со Дортмунд, со Јувентус и ПСЖ. Во Малезија на пријателски средби често доаѓаат клубови како Челси, Манчестер Јунајтед и други. Клубот Дарук сериозно вложува и во академијата.

Нивната школа е единствена професионална во земјата, построена е под шпански ноти. Од минатата година со академијата раководи Луис Гарсија Санз, некогашен фудбалер на Барселона и Ливерпул. Тој станал генерален директор и неговото мислење било многу важно за принцот наследник.

Тренер на ФК Дарул исто е Шпанец, 45-годишниот Сиско Муњиос кој заботел и во Вотфорд.

Иако клубот често ги менува тренерите, сепак тоа не влијае на резултатите во домашното првенство. Оперативен директор на клубот е Алистер Едвардс, некогашен репрезентативец на Австралија. Фудбалски луѓе во клубот.

Како што вели Луис Гарсија Санз, „Целта на Дарул е да го развива фудбалот во Малезија и да го крене на повисоко ниво. Се надевам дека другите екипи ќе бидат инспирирани од нас. Од тоа што ние го изградивме. Веќе гледаме дека многу напавија чекор напред. Ние го развиваме фудбалот во цела земја“.

15 септември 2026 - 11:09