Рома фуриозно ја отвори новата сезона во Серија А и со 4-0 ја згроми Фиорентина во 1. коло. Дониел Мален постигна хет-трик а Пауло Дибала имаше хет-трик од асистенции. Ова е првпат врвниот тренер Гасперини сам да го селектира тимот на „римската волчица“, доведе играчи по своја желба и ништо чудно Рома да биде сериозен кандидат за скудето сезонава. А натпреварот го одбележи и еден смешен момент со линискиот судија.