Страшниот гол на Орсолини против Интер кој ја разгоре борбата за скудето

Дваесет и осум годишниот повремен италијански репрезентативец Рикардо Орсолини постигна прекрасен гол за Болоња во 90+4' минута против Интер за триумф од 1:0. На овој начин Наполи се израмни бодовно со Интер на врвот, имаат по 71 бод и до крајот ќе следува голема борба за скудетото. Има уште 5 кола до крајот. 

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Орсолини даде гол против Интер во саботата вечер, а веќе во неделата и понеделникот дресови на Болоња осамнале на улиците на Неапол во знак на благодарност што го совладале Интер и им помогнале да го стигнат бодовно.

Евроголот од 15 различни агли:

 

23 април 2025 - 14:21