Во средина од март 2007-ма, Манчестер Јунајтед славеше 50 годишнина од нивното учество во УЕФА натпреварите и по тој повод одигра пријателски натпревар против избран тим на Европа.
Во бандата на Фергусон покрај Роналдо настапија и Руни, Гигс, Сколс, Смит, Ричардсон, Невил...а влезе и Енди Кол на 36 години. Требаше и Бекам да игра, ама се повреди неколку дена пред мечот.
Тимот на Европа беше составен од имиња како Ибрахимовиќ, Пирло, Гатузо, Ларсон, Џерард, Карагер и други предводени од Марчело Липи.
Ревијалниот натпревар го доби Манчестер со 4:3. Два гола даде Руни, ама сите зборуваа за ова ремек дело на Кристијано Роналдо. Канизарес не мрдна.
Плус има и снимка од сите допири со топката на Роналдо кој одигра 45 минути.