Клубот од градот кој се наоѓа на брегот на Ла Манш почнал да ја пишува историјата од крајот на ХIX век, но таквата историја долго време била многу досадна. Од 1890 до 1987 тимот никогаш не се искачил над третата лига и покрај фатот што семејството Купер-Дин уште во 1910 година дало земјиште од својата црешова градина со цел на него да се изгради новиот стадион на Борнмут.
Стадионот го добил името „Дин Корт“ а тимот од причина каде го добива стадионот се стекнува со прекарот „црешите“ (Cherries).
Првиот сериозен залет Борнмут го имал кон средината на ’80-те години, кога за главен тренер го поставиле почетникот Хари Реднап. „Црешите“ биле првиот тим на тренерот-дебитант. Кога Хари во сезоната 1986/1987 го внел Борнмут во втората лига тоа се чинело како голем чекор напред, но таму се задржале само три сезони.
Се стркалале назад и наскоро се нашле на работ на финансиска катастрофа, а Реднап го напушти тимот кој бил речиси згаснат. Во 1997. година Борнмут бил толку близу ликвидација што навивачите собрале колку-толку пари за да го спасат.
Кон крајот на 2005 година клубот останал без родниот дом: „Дин Корт“ бил заложен и на крајот одземен поради долговите. Три години подоцна Борнмут поради финансиски проблеми бил пратен во четврта лига а добил и казна одземање 17 бода. Практично ја почнал сезоната со -17 бода.
Тој момент како да бил пресвртна точка: за главен тренер на екипата бил назначен 31-годишниот Еди Хау. Еди бил младинец на „Чериз“ уште од 13 години а во првиот тим играл како стопер. Во 2007-ма се повредил и не ја продолжил кариерата.
Хау не се плашел да го преземе кормилото на тимот во тешките времиња и почнал да прави чуда. Новиот тренер го вратил во клбуот легендарниот Стив Флечер којшто одиграл скоро 500 натпревари за Борнмут. Тимот брзо се врати во третата лига, а наскоро навивачите ги освежи веста за нов сопственик на клубот.
„Тој лично ја смени судбината на клубот. Целите и достигнувањата кога дојде тој беа сосема поинакви“, се сеќава претседателот на Борнмут Џеф Мостин, кој бил претеча на Максим Демин.
Демин е еден од најнепознатите луѓе во англискиот фудбал. Многу навивачи едноставно не знаат како изгледа и како зборува. Познато е само дека тој се занимавал со бизнис во Татарстан, имал мнозинство акции во „Татнефти“ и влегол во светот на директорите на „Ак Барс“.
Во 2011 година, рускиот бизнисмен купил половина од акциите на „Црешите“ за 650.000 фунти и веднаш почнал да ја создава неопходната инфраструктура, иако ни од близу не располагал со ресурси ккако Абрамович или Усманов од Арсенал.
„Борнмут беше апсолутно неамбициозен ’селски’ клуб кој пред себе немаше поставено никакви цели. Немаше нормална комерцијална служба, ниту нормална финансиска служба. Се беше на многу ниско ниво“, се сеќава Русинот Демин во едно од екслузивните интервјуа со него.
Кога конечно се појавил клупскиот фан-шоп, Демин го собрал потребниот персонал а должноста менаџер по комерцијални прашања му ја доверил на својот бизнис партнер и поранешен триатлонец Алексеј Парфенов. Токму Парфенов одиграл голема улога во правењето здрава финансиска политика на клубот.
Но првото нешто што го сторил новиот владетел во клубот било градење другарски однос со навивачите. Го вратил Борнмут во родната арена и денес овој клуб игра на „Дин Корт“ којшто е најмалиот стадион во Премиер лигата (собира 11.464 гледачи). Скоро во тимот се вратил и Еди Хау и „Црешите“ почнаа да зреат до Премиер лигата.
Во сезоната 2011/2012, Борнмут не само што стигна до втората лига, но и заработил 2,2 милиони евра што за така скромен клуб е успех. Следната година го означи триумфалниот пласман во Чемпионшип иако во зајакнување на тимот биле потрошени помалку пари дури и од претходната сезона.
Пресвртот се случил во сезоната 2013/2014 кога Максим Демин станал единствен сопственик на Борнмут и на клубот му го подарил пласманот во Премиер лигата.
„Јас 10 години го водев Борнмут и станав најуспешниот човек во 100-годишната историја на клубот. Но Еди Хоу дојде и ме тргна од престолот. Тој е фантастичен човек. Ако не се вработам следната сезона, ќе си купам два сезонски билети“, восхитено зборувал Хари Реднап за тренерот Еди Хау.
На 39 години Хау го заслужил статусот на еден од најперспективните англиски тренери на денешеницата и сериозно се смета за иден кандидат за функцијата селектор на Англија.
Уште повеќе воодушевува фактот што костурот на екипата останал ист од третата лига. Минатата сезона Борнмут за престој во Премиер лигата доби за него астрономски 70,8 милиони фунти и почна да купува поскапи играчи.
Летово го купија Џордан Ајб од Ливерпул за 15 милиони фунти и тој трансфер стана најскапиот во историјата на клубот. Година дена претходно „Чериз“ го прославија пласманот во Премиер со трансферот на Беник Афобе за 10 милиони фунти. Претходно најскап играч им бил Калум Вулсон со цена од... 3 милиони фунти.
Стив Кук, Сајмон Френсис, Хари Артер, Чали Дениелс, Марк Поу - сите тие го минале со Борнмут патот од третата дивизија до англиската Премиер лига и денес играат клучна улога во екипата.
Фактот дека момците од третата лига успеваат да се борат рамноправно со елитата на англискиот фудбал е неприкосновен комплимент за тренерот Еди Хау. Позиционата игра која што ја наметнал во Борнмут важи за најпрогресивниот фудбал во Англија и се споредува со стилот на Хосеп Гвардиола.
Разумниот пристап на сопственикот и методите на работа на тренерот може да гарантираат дека Борнмут од година во година ќе стане се поразвиен клуб и ќе може да ја зајакне позицијата во Премиер лигата. Но нема да им биде лесно да го сочуваат Еди Хау: иако тој неизмерно го сака Борнмут, интересот за него од популарните клубови е висок. Еди како дете навивал за Евертон чија што сезона не е баш најсјајна.
До тогаш, „Црешите“ успешно ќе зреат во Премиер лигата, на старото место во градината.