Пред големото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона на кое многу работи околу борбата за титулата ќе станат појасни во Шпанија, францускиот ас Антоан Гризман по трет пат станал татко. На 8 април ја добил ќерка му Алба.
Интересно сјајниот офанзивец на Барселона веќе има две деца (5-годишната Миа и 2-годишниот Амаро, крстен во чест на дедо му на Антоан) кои се родени исто на 8 април!
Првото дете на Гризман, Миа се родила на 8 април 2016-та година. Три години подоцна, на 8 април 2019-та година го добиле синот Амаро, а сега на 8 април 2021 година се родила ќерка која ќе ја крстат Алба.
Мајка на децата, сопруга на Гризман е Ерика Чоперен. Се запознале во 2010-та година, а во 2017-та направиле свадба. Ерика е родена во Земјата на Баските и е детски психолог по професија.
Како на Гризман му се случило вакво совпаѓање во датумите? По пат на едноставна математичка пресметка може да се претпостави дека децата се зачнати во јули, месец кога фудбалерите имаат активен одмор и во фудбалот е пауза, освен во 2018-та кога Гризман играше на Светско првенство и освои злато со Франција.
Во јули минатата година Антоан повторно играше фудбал, овојпат поради тоа што се возобнови сезоната лани, прекината првично поради глобална пандемија.
Но Гризман тогаш ги пропушти двата последни меча на Барса во Ла Лига на 16 и 19 јули поради ситна повреда.
8 април е голем датум за Гризман, важен во неговиот живот. Интересно и поради датите на раѓање на неговите три деца, туку и поради други занимливости: на тој датум во 2010-та потпишал професионален договор со Реал Сосиедад каде што се прослави.
На 8 април 2017 и 8 април 2018 Гризнам постигна голови против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ (двата меча завршија 1:1).