Швајцарија пресилна, ја декласираше Босна и Херцеговина

Неверојатен натпревар се одигра во Лос Анџелес каде 74 минути имаше крајно досаден фудбал за да во последните 20 минути да паднат дури 5 гола! На крај Швајцарија - БиХ 4-1 (0-0).

Со два гола на центарфорот на германски Фрајбург Јохан Манзамби во 74-та и 90-та минута и по еден на Рубен Варгас во 84-та и Гранит Џака од пенал во 90+7', Швајцарците победија убедливо, освоија три бода и со една нога се во следна рунда.

Босна и Херцеговина се бранеше и оддолеваше цели 74 минути но на крајот и со играч помалку од 80' минута по црвениот картон на Тарик Мухаремовиќ, прими полна мрежа голови.

Швајцарија предводена од легендарниот Мурат Јакин сега има 4 бода, БиХ има 1 освоен со Канада а подоцна вечерва играат Катар и Канада.

 

18 јуни 2026 - 23:18