Шпанија рутински со Австрија за осминафинале

Шпанија е нов осминафиналист откако вечерва лесно, без преголеми напори ја совлада Австрија 3-0 со два гола на Ојарзабал и еден на Педро Поро. Во осминафинале ги чека подобриот од Португалија - Хрватска.

1/16 финале: ШПАНИЈА - АВСТРИЈА 3-0 (1-0)
/Ојарзабал 37', 89', Педро Поро 66'/

Центарфорот на Реал Сосиедад вечерва стигна до 15 погодоци за својата репрезентација а вкупно 4 на ова Светско првенство. 

Шпанците демонстрираа надмоќ и на четири натпревари на Мундијалот не примија ниту еден гол. Во следната рунда, во осминафиналето ќе имаат голем предизвик против подобриот од дуелот Португалија - Хрватска.

 

2 јули 2026 - 23:15