Шпанија ѝ се заблагодари на Чатануга со убаво видео за спомен

Некои места остануваат врежани засекогаш во сеќавањето на човек. Така прекрасниот американски град Чатануга во Тенеси 25 дена беше домаќин на европскиот првак Шпанија. Репрезентацијата предводена од Луис де ла Фуента речиси месец дена уживаше на природните убавини во овој град чии локални жители се зближија со „црвената фурија“. Шпанците снимија и видео во знак на благодарност за топлиот прием на Светското. Сега патуваат во Далас каде на 6-ти јули ќе играат мега пиринејско дерби со Португалија.

3 јули 2026 - 14:57