
9 – 110 екипи загубиле на првите два меча во групната фаза од ЛШ, а само девет од нив успеале да се квалификуваат понатаму. Тоа значи дека Арсенал по поразите од Динамо Загреб и Олимпијакос сега имаат 8% шанси за осминафинале, а тие може да станат 2% со оглед на тоа што во следните две кола играат против Баерн Минхен. Екипи кои успеале да се извлечат од оваа тешка ситуација се Динамо Киев (99/00), Њукасл (02/03), Баер Леверкузен (02/03), Вердер (05/06), Интер (06/07), Лион (07/08), Панатионакос (08/09), Марсеј (10/11) и Галатасарај (12/13)
3 – Бројот на погодоци кои Арсенал ги прими на последните три од четири одиграни средби во ЛШ. 3:2 од Олимпијакос, 3:1 од Монако на 25 февруари и 3:3 со Андерлехт на 4 ноември лани.
1976 – Последен пат грчки тим успеал да постигне три гола на гостински терен во Англија на 3 ноември 1976 година кога АЕК од Атина го совлада Дерби со 3:2 во Купот на УЕФА. АЕК стигна до полуфинале каде загуби од Јувентус со 5:1.
12 – Бројот на гостински порази од англиски екипи на Олимпијакос пред да му гостува на Арсенал. 12 меча, 12 порази.
3 – Бројот на голови на грчки екипи во Англија во последните 50 години почнувајќи од Вест Хем во Купот на куповите на победниците во 1965/1966. Олимпијакос постигна 3 гола за 33 минути.
50 – Бројот на порази на Олимпијакос во Лига на шампиони. Само Порто има еден пораз повеќе, а грчкиот состав пред гостувањето на Емирати имаше само пет победи на последните 52 гостински средби.
5 – Арсенал е барем во тренд. Англиските клубови претрпеа пет порази во групната фаза оваа сезона на шест меча. Тоа е повеќе од вкупниот број на порази во 03/04, 04/05, 05/06, 07/08. 08/09 и 10/11.
Бројот на порази на англиските екипи по сезона: 2003/04 - 4; 2004/05 - 4; 2005/06 - 3; 2006/07 -5; 2007/08 - 3; 2008/09 - 2 ; 2009/10 - 5; 2010/11 - 4; 2011/12 - 5; 2012/13 - 9; 2013/14 - 5; 2014/15 - 6; 2015/16 - 5.
10 – Бројот на голови на Левандовски кој ги постигна на последните три средби за Баерн Минхен, следниот противник на Арсенал.