Репрезентацијата на Нигерија го освои КАН со победата над Буркина Фасо со 1:0 и го направи најголемиот успех по пауза од 19 години.
Но следниот ден селекторот Стивен Кеши си поднесе оставка. Тој оваа одлука ја донел затоа што им бил лут на челниците на фудбалската федерација кои му се заканувале дека ќе му врачат отказ ако Нигерија биде елиминирана од Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето.
Сепак нерешителниот селектор денес ја промени одлуката и реши да остане на функцијата.
„Разговаравме со раководството и со задоволство можам да објавам дека ќе продолжам да работам како селектор на Нигерија", изјави Кеши.