Селекторот на Кореја отпуштен откако претседателот критикувал и барал отчет

Јужна Кореја одлично го почна Светското првенство со победа 2-1 против Чешка, играа солидно но на следните два натпревари доживеаа два порази од Мексико и Јужна Африка па испаднаа рано и мораа да си одат дома. Целата нација била шокирана од ваквиот развој, па се огласил претседателот на земјата.

Помалку од 24 часа од нивната елиминација од Светско првенство, селекторот на Јужна Кореја Хонг Мјунг-Бо после огромен притисок од тамошната јавност поднел оставка.

Оставката доаѓа после бурна реакција на претседателот на Јужна Кореја кој на своите профили на друштвените мрежи пишал дека селекторот е „неспособен“ и побарал од министерството за спорт и развој целосна истрага за работата на Фудбалската федерација на Јужна Кореја и критериумите под кои е избран селекторот.

„Не само што сум запрепастен, туку сум потполно избезумен. Како поранешен почесен претседател на фудбалски клуб, во срцево, како член на 'Црвените змејови', не само што сум чувствувам изненаденост туку длабок шок од овој неочекуван резултат. Резултатот од ова Светско првенство е директна последица на неспособното и неодговорно раководство, како и длабоко вкоренетиот систем на фаворизирање во нашата спортска администрација. Кога одлуките внатре во репрезентацијата се носат врз основа на лични врски и подобност, а не врз основа на стручност и способност, сметката на крај ја плаќаат нашите спотисти и целата нација која со цело срце била со нив. Ова веќе не е само прашање за спортски резултат, туку за системски пропуст кој не смее да се повтори“, напишал меѓу другото претседателот на Јужна Кореја Ли Џае-мјунг.

Јужна Кореја не успеа да се пласира понатаму ни меѓу најдобрите третопласирани селекции.

Селекторот Хонг после елиминацијата излегол пред новинарите со однапред спремно соопштение и го читал: „Прво и најважно, би сакал да изразам искрено извинување до сите кои го сакаат корејскиот фудбал и секогаш ја поддржувале нашата репрезентација. Денес одлучив да дадам оставка од местото селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја.

Да прифатам да бидам селектор на репрезентациајта никогаш не беше лесна одлука за мене. Но од моментот кога избрав да бидам на позицијата, никогаш не помислував на оправдувања. Во последните две години, постојано си го поставував истото прашање: „Дали е права одлука за корејскиот фудбал“?

29 јуни 2026 - 10:07