Се носат нови строги правила, нема веќе голмански глупирања на гол

Дојде ред и на голманите. После долго време и тие директно ќе бидат инволвирани со новите правила кои наскоро ќе бидат воведени во фудбалскиот свет. При пенали веќе нема да имаат слобода како досега со глупирање психолошки да ги иритираат изведувачите.

ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА?

Во јануари Меѓународниот совет на фудбалски асоцијации (IFAB) официјално објави дека се спрема да ги смени правилата на начин на кој „судиите ќе можат да реагираат на непримерени и неправедни дејствија од голманите во однос на изведувачот на удар од 11 метри“.

Ова значи: голман веќе нема да смее да допира статива, мрежа, да се беси по пречките или како било да влијае на изведувачот на пеналот.

Ова доаѓа по Светското првенство 2022 а најмногу поради глупостите на аргентинскиот голман кој се испостави за мајстор за психолошки игри над изведувачите. Тој психолошки влијаеше и над Холанѓаните при страшниот пенал рулет во четвртфиналето и над Французите во големото финале кога одбрани неколку пенали и е најзаслужен што Аргентина стана светски првак (претходно во продолженија одбрани чист зицер и ги спаси од болен пораз).

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и сите негови колеги од 1-ви јули за време на пенал „нема да смеат да демонстрираат неуважување кон противникот на мечот, односно да го одвлекуваат вниманието на изведувачот по нечесен пат“ (што и да значи ова).

Правилото е донесено, изгласано, треба само да се ратификува и ќе стапи на сила од следната сезона.

На новото правило „без глупирање“ меѓу првите реагираше и еден од најдобрите европски голмани во моментов, Мајк Мањан од Милан кој рекол дека голманите сега додека бранат пенали ќе треба да се свртат со грб а во случај и така да одбранат, на противничката екипа да и биде доделен индиректен удар пред голот.

Голманите сега се бунат затоа што сите мислат дека пеналот е само удар на изведувач и голман кој треба само да стои на линијата и да скокне по топката.

“Изведувачот може да скокне пред да изведе па и да успори па пак да се залета пред да шутне. Велат дека изведувачите можат да слават пред лице на голманот, да лизгаат со колена, да танцуваат иритантно, а голманите сето тоа да го истрпат, да ја извдат топката од мрежа и да ја вратат кај следниот изведувач“, изјавил во февруари пред новите правила, главниот кривец за истите, Емилијано Мартинез кој додава уште и: „Ќе се навикнеме, не му ја мислам“.

31 март 2023 - 10:26