2020-та е за македонската фудбалска репрезентација која ја крена на нозе цела нација. По сите мизерии кои го фрлија во очај нашиот фудбал низ годините, оваа селекција направи целосен пресврт во однос на сè што се случи претходно. Едноставно направи кец у два.
Сплотени како едно, момците одиграа храбро, со жар и срце против секој кој им застана на патот. Го издржаа притисокот во плејофот каде немаа право на грешка и покажаа дека ни Косово, ни Грузија, туку Македонија заслужува да оди на Европско.
Во 2021-ва едвај ќе чекаме да дојде 13 јуни. Се гледаме во Букурешт ѕверови.
Златниот гол на Пандев и изненадувањето на ФФМ за Тони.