Кошаркарската репрезентација на САД, асоцијација на „дрим тим“, овојпат на Мундијалот доаѓа со не баш звучни имиња, со млад тим спремен да тргне по пехарот со што би застанале раме до раме до најголемите ѕвезди од оваа земја кои го освоиле Светското првенство.
Очигледно е дека САД повеќе го сакаат олимпиското злато а не она од Мундијалите. Такво мислење владее веќе неколку години.
Селекторот Стив Кер сега се реши за 12 кошаркари, претежно млади и недоволно познати играчи кои и покрај тоа се фаворит број 1 за пехарот. Но не се непобедливи.
Паоло Банкеро, првиот пик на драфтот од 2021-ва година кој имаше добра НБА сезона, долги месеци вагаше дали да заигра за Италија од каде што потекнуваат неговите родители или да настапи за САД кој го привлекол со голема шанса за светско злато.
Покрај него тука се уште и: Мајкл Бриџис, Џејлен Брансон, Ентони Едвардс, Тајрис Халибартон, Џош Харт, Брендон Инграм, Џерен Џексон Џуниор, Кам Џонсон, Вокер Кеслер, Боби Портис и Остин Ривс.
Прва ѕвезда на овој тим секако е фантастичниот Ентони Евардс од Минесота Тимбервулвс кој беше прв пик на драфтот 2020-та кога „Волците“ го избраа.
Full Team USA roster:
— Tim Bontemps (@TimBontemps) July 2, 2023
Guards: Jalen Brunson, Anthony Edwards, Tyrese Haliburton, Austin Reaves
Forwards: Paolo Banchero, Mikal Bridges, Josh Hart, Brandon Ingram, Jaren Jackson Jr., Cam Johnson
Centers: Walker Kessler, Bobby Portis https://t.co/7iPqJxoLGp
Едвардс ги покрива позициите 1 и 2 и важи за одличен бек-шутер кој сјајно организира акции и погаѓа од повеќе позиции. Центри се Вокер Кеслер и Боби Портис кои ќе водат битки под обрачите.
Овој состав на САД е многу талентиран но не е непобедлив каков што беше оној во минатото со Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кајри Ирвинг, Кевин Дурент, Џејмс Харден и другите ѕверки.
Американците се во групата Ц со Јордан, Нова Зеланд и Грција и уште од сега е речиси сигурно дека ќе бидат први во група.
Светското првенство во кошарка ќе се игра во три земји: Филипини, Јапонија и Индонезија од 25. август до 10. септември во пет градови.