Роналдо со гол ја водеше Португалија до пехарот во Лига Нации

Фудбалската репрезентација на Португалија е освојувач на овогодинешната Лига на Нации откако во големото финале ја совладаа Шпанија на пенали. Во основното време резултатот беше 2:2.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Португалија е единствена репрезентација која два пати го освоила пехарот во Лига на Нации откако претходно стигнаа до трофејот и во првото издание на овој релативно нов турнир на УЕФА.

Португалците уште од самиот старт на финалето против моќниот европски шампион Шпанија која во полуфиналето на Франција и даде 5 гола, тргнаа офанзивно и отворено.

На моменти последната линија, стоперите и бековите на Португалија беа речиси на средина од теренот.

Но Шпанија прва стигна до предност. Во 21' минута по еден благ центаршут на Ламин Јамал од десна страна, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад најдобро се снајде и погоди за 1-0.

Но Португалија многу брзо возврати. По само 5 минути игра, во 26-та минута бекот Нуњо Мендеш погоди за 1-1. 

Пред крајот на првиот дел, Бернардо Силва изгуби една топка на своја половина, Шпанците преку Педри тргнаа во против напад а топката стигна до шпицот на Сосиедад Микел Ојарзабал кој го совлада Диого Коста за 2-1 за Шпанија на полувреме.

Имаше „црвената фурија“ големи шанси преку Фабиан Руиз и Ламин Јамал за повисока предност но не ги искористи, а Португалија тоа го казни преку нивниот капитен Кристијано Роналдо кој постигна нов гол за репрезентацијата и израмни на 2:2.

Ова беше негов 24 гол во 39-то финале во кариерата а има и 2 асистенции:

Во продолженијата двете екипи повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол.

Се стигна до пенали а таму Португалците изведуваа беспрекорно. Кај Шпанија Алваро Мората промаши и Португалија победи 5:3 за нов пехар во Лига на Нации.

Кристијано Роналдо на крај плачеше од среќа:

Интересно финалето се играше на „Алијанц Арена“ каде пред само неколку дена ПСЖ и Португалецот Витиња стигнаа до трофејот.

9 јуни 2025 - 09:08