Роналдињо пак ќе игра фудбал, во италијански третолигаш

Четириесет и шест годишниот Бразилец кој некогаш беше најдобар фудбалер на светот, потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена и ќе се обиде пак да заигра фудбал цели 11 година откако се повлече.

Околу шест илјади навивачи на Рафена се спремаат да го пречекаат на брегот на Јадранското море кај Равена. Роналдињо кој освои Златна топка на времето, рекол дека потпишал договор во знак на големо пријателство со сопственикот на клубот Равена, милионерот Игнацио Чипријани кој држи ланец хотели ширум Италија.

„Ова не е украсување на прозорци или маркетинг. Роналњио ќе биде акционер во Равена и тоа е главна поента на целата зделка. Тој исто реши да му даде посебен подарок на градот и неговиот нов клуб: ќе заигра на терен за Равена, со една романтична и чиста цел - да се обиде да го даде последниот гол во кариерата“.

Уште не е позната физичката состојба и подготовеност на Роналдињо за каков било натпревар од професионален карактер.

Равена ќе ја отвори сезоната против Реџана викендов а Роналдињо не бил дел од ниту еден подготвителен натпревар на екипата чиј тренер е Андреа Мандорлини.

Бразилецот последен пат играше фудбал за Флуминенсе во 2015-та година. Во Италија играше за Милан две ипол сезони пред да замине во Фламенго во 2011-та. Во кариерата настапуваше уште и за ПСЖ, Барселона, Атлетико Минеиро и Керетаро во Мексико.

За Бразил одигра 97 натпревари и го освои Светското првенство во 2002, последно за кариоките и петто во историјата.

20 август 2026 - 15:36