Навивачите на Вардар со душа чекаа во управата и стручниот штаб на клубот да се вратат легендите на клубот, тоа го дочекаа минатата година, но со оваа парола делуваат гневни од нивната работа.
Вардар против Пелистер го запиша 11-от пораз сезонава и на последните 10 кола во домашното првенство има само една победа.
Црвено црните лани беа едно од најголемите изненадувања на европските натпреварувања и откако во квалификациите ги урнаа Малме, Копенхаген и Фенербахче со влезот во групната фаза од ЛЕ фудбалска историја за македонскиот спорт.
Но сезонава нема ни В од ланскиот Вардар. Комитите се револтирани од распродажбата на тимот, откажувањето од борбата за титулата, што во превод значи второ место со кое нема играње квалификации за Лига на шампиони.
Шкендија на 2 кола до крај им бега неверојатни 32 бода.
На 19 ноември минатата година најверните навивачи на Вардар токму против Пелистер прославија два големи јубилеи. 70 години ФК Вардар и 30 години Комити. Лани спектакл, сега двајца без тројца на стадион.