Со анализата на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) од Швајцарија се опфатени 31 земја, а помеѓу нив не е Македонија.
Во дури 6 земји повеќе од половина фудбалери се странци. Тоа се Англија, Португалија, Белгија, Италија и Турција, а највисок процент (74,2%) на странци има во Кипар.
Бразил и понатаму е најголем извозник на фудбалери и покрај тоа што има мал пад во бројот на Бразилци во Европа во однос на минатата година (од 524 на 515). Втори најголеми извозници во Европа се Французите со 269 фудбалери.
Од сите анализирани 31 првенства, само во Словенија, Србија и Хрватска има помалку од 20% странци. Анализата покажува дека во Европа најмногу се бараат напаѓачи, па така дури 44,3% од сите напаѓачи се странци.
Порастот на странци низ Европа значи и намалување на бројот на фудбалери кои се сопствено производство, па така само 21,1% од играчите во европските клубови ги поминале младинските школи на истите тимовите чии членови се сега. Оваа бројка во Португалија, Турција и Италија е помала од 10%.