Со саботната победа од 2:8 против Депортиво Ла Коруња, Реал Мадрид за прв пат во својата 112 годишна историја успеа да постигна 8 голови на гостински терен.
Статистичарите пресметаа и дека со овој триумф, и оној пет дена претходно против Базел во Лигата на шампионите, Кралевите успеале за помалку од 100 часа да постигнат 13 голови, а последен пат тоа им успеало пред половина век.
Само пет клубови вклучувајќи го и Реал успеале до сега да постигнат 8 голови на гостински терен во шпанското првенство, тоа се Атлетик Билбао, Барселона (два пати), Депортиво Ла Коруња и Ваљадолид.
Највисоки победи на гости:
2:8 - Депортиво Ла Коруња (Примера 2014/15)
1:7 – Реал Сарагоса (Примера 1987/88)
0:7 – Прогрес Нидеркорн (Европски куп 1978/79)
Највисоки победи дома:
11:1 – Барселона (Куп 1942/43)
11:2 – Елче (Примера 1959/60)
9:0 – Б 1990 (Европски Куп 1961/1962)
Секоја нова победа за Реал Мадрид значи и зголемување на бројот на погодоци на Кристијано Роналдо кој ги брка рекордите на најдобрите стрелци во историјата на клубот. Против Депортиво тој стигна до нов хет-трик број 20 за него во Примера, вкупно 34-ти на сите натпреварувањата откако е на Бернабеу.
Најмногу хет-трикови во Примера:
1.Алфредо Ди Стефано 22
2.Тело Зара 22
3.Кристијано Роналдо 20
4.Едмундо Суарез 19
5.Лионел Меси 19
Најдобри стрелци за Реал Мадрид во Примера:
1.Раул 228
2.Алфредо Ди Стефано 216
3.Карлос Сантилана 186
4.Кристијано Роналдо 182
5.Ференц Пушкаш 156