Реал Мадрид целосно доминираше на натпреварот против АПОЕЛ со 70% посед на топка и 20 удари кон голот. Фудбалерите на АПОЕЛ за 90 минути игра не успеаја да упатат ниту еден удар кон голот, но храбро одолеваа на шансите на гостите се до 75-та минута.
Клучен фактор за победата на Реал Мадрид беа измените на Мурињо, односно внесувањето во игра на Кака и Марсело. Кака одигра само 26 минути но асистираше на првиот гол на Бензема во 74-та минута, потоа Марселоа му асистираше на Кака во 82-та минута, а победата ја завери Бензема со својот втор гол во последната минута.
Иван Тричковски го одигра целиот натпревар за АПОЕЛ.
Ова беше јубилејна 200-та победа за Реал Мадрид во најелитното европско клупско натпреварување (вклучувајќи ги и натпреварите од поранешниот КЕШ).
Екипата на Челси најверојатно и во полуфиналето ќе ја брани честа на Англичаните откако стекна важна предност од еден гол на гостувањето кај Бенфика во Лисабон.
Домаќините можат да жалат за пропуштените шанси, посебно за онаа на почетокот од второто полувреме кога Давид Луиз спасуваше од гол линијата, но можат да бидат и среќни што во 60-та минута Мата ја погоди само стативата.
Одлучувачкиот гол го постигна Салмон Калу во 75-та минута по асистенцијата на Фернандо Торес.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)
Бенфика – Челси 0:1
Калу 75
АПОЕЛ – Реал Мадрид 0:3
Бензема 74, 90, Кака 82
среда
20.45: Олимпик Марсеј - Баерн Минхен
20.45: Милан - Барселона