За време на сезоната 2012/13, Реал Мадрид оствари приход од 675 милиони долари - најмногу од било кој клуб во историјата на спортот. Во моментов мадридскиот гигант вреди 3,44 милијарди долари, односно 4% повеќе од минатата година.
Барселона го оствари вториот најголем приход во овој период со 627 милиони долари и клубот сега вреди 3,2 милијарди долари, што е раст за 23%.
Манчестер Јунајтед е третиот највреден тим со 2,8 милијарди долари. Заради лошите резултати оваа сезона нивната вредност падна за дури 11%.
Во Топ 20 има два нови клубови во споредба со минатата година. ПСЖ е на 15-та позиција со 415, а Галатасарај на 16-та позиција со 347 милиони долари.
1. Реал Мадрид - 3,44 милијарди долари
2. Барселона - 3,2
3. Манчестер Јунајтед - 2,81
4. Баерн Минхен - 1,85
5. Арсенал - 1,33
6. Челси - 868 милиони
7. Манчестер Сити - 863
8. Милан - 856
9. Јувентус - 850
10. Ливерпул - 691
11. Борусија Дортмунд - 600
12. Шалке - 580
13. Тотенхем - 514
14. Интер - 483
15. ПСЖ - 415
16. Галатасарај - 347
17. Атлетико Мадрид - 328
18. Хамбург - 326
19. Рома - 307
20. Наполи - 296