Расказот на Арсен Венгер за тоа што може една будалетинка да ти направи

Душевната болка која што ја претрпел Арсен Венгер а предизвикана од една гнасна, одвратна клевета која се скандирала на стадионите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, ја пренесува во неговата автобиографија и вели дека уште нема одговор зошто тоа му го направиле.

Ривалството меѓу фудбалските клубови ретко се ограничува на борба на терен. Навивачите често не само што го бодрат својот тим, туку и го навредуваат противникот, понекогаш со жестоки, болни удари под појас.

Во '90-те години фудбалските работници во Премиер лига многу помалку внимание обрнувале на тоа, па често се преминувала границата на нормалното.

Тоа му се случило на Арсен Венгер кој во Англија дојде во 1996-та година. Навредите кои тој ги претрпел се ден-денес едни од најгрозните на фудбалските стадиони.

Франузинот неодамна сам ја раскажа таа историја на која ѝ посвети цело едно поглавје од автобиографијата My Life in Red and White: My Autobiography.

АНГЛИСКА КСЕНОФОБИЈА СО ПОДДРШКА ДУРИ И ОД ФЕРГУСОН

Појавата на Венгер во Премиер лига беше прав настан. Во '90-те години немаше многу странски тренери во Англија.

Целата драма започнала со насловот „Arsene Who?“ во англиските медиуми. Надмен однос кон новајлијата имал и Алекс Фергусон, шампион и највлијателен тренер во Европа.

„Он треба да го чува своето мислење за јапонскиот фудбал“, рекол Фергусон во една прилика за Венгер кој претходно тренираше клуб во Јапонија.

Подоцна стратегот на Манчестер Јунајтед рекол и: „Интелект! Викаат паметен бил, а? Знаел пет јазици. Па јас имам дете од 15 години од Брег на Слонова коска кое исто збори толку јазици“.

Дури и играчите на Арсенал го пречекале новиот тренер со недоверба. Тони Адамс и Мартин Кион поради наочарите и францускиот акцент го викале Венгер инспектор Клузо (лик од серијалот „Пинк Пантер“), а поради надворешниот изглед - наставник по географија.

Во автобиографијата Венгер пишува: „Секако, сфаќав дека луѓето имаа сомнеж за моето назначување. Наслови: „Wenger Who?“ во весниците и прашањата од играчите и навивачите беа нормални. Можев да одговорам на нив со упорен труд, со посветеност и со своите убедувања. Но кога работата отиде до отворени непријателства, лаги, гнасни обвинувања, клевети и измами, не можев ништо да направам освен да чекам бурата да помине“.

НЕКОЈ НАВИВАЧ НА ТОТЕНХЕМ ПУШТИЛ ГЛАСИНА ДЕКА ВЕНГЕР Е ПЕДОФИЛ, НОВИНАРИТЕ НИШТО НЕ НАШЛЕ, АМА ЈА ТЕРАЛЕ ТЕМАТА

Природно е при појава на нов лик да има обиди да се дознае нешто повеќе. А во услови кога прави извори и информации нема, тогаш цутат митови, гласини и озборувања.

Така се појавил и муабет за наводна страст на Арсен Венгер кон деца. Имало неколку верзии кој ја пуштил таа гнусна лага, ама една е најверодостојна.

Навивачи на Тотенхем пуштале електронски писма до една радио станица каде имало и јавувања во живо. Еднаш во емисија некој од диџеите (навивач на Тотенхем) прочитал писмо дека наводно Венгер ја напуштил Јапонија не од спортски причини, туку поради сексуален скандал.

Водителот на емисијата отишол дури до таму што рекол дека поседува снимки кои го потврдуваат тоа. Кога го прашале да ги предаде фотографиите, тој наводно одбил.

„Како што ми кажаа, сè почнало од некој водител на радио, навивач на Спарс. Тврдел дека имал фотографии од мене на сомнителни места, во апсурдни ситуации и дека во весници имало компромитирачки фотографии. Збунет побарав да ги покажат“.

ОД ИГРАЧКА ПЛАЧКА, ВЕНГЕР БИЛ ГНАСНО ОКЛЕВЕТЕН

Првиот срам Арсен го изел во хотел каде живеел на почеток откако се доселил во Лондон. „Во собата за доручек луѓето ме избегнуваа, а многумина и чудно ме гледаа. Новинарите немаа право само да испечатат гласини. Можеа да напишат само реакција на гласините, во стил: „Арсен Венгер одговори на обвиненијата за тоа и тоа...“

Еднаш додека бил на пар дена дома во Франција, новинарите пуштиле информација дека Французинот го напуштил клубот. Арсен не бил свесен за тоа и кога се вратил од викенд, тргнал да гледа меч на резервите на Арсенал.

Таксистот кој требал да го вози чудно го погледнал.

„Искористија (новинарите) едно мое патување во родниот Алзас, објавиле информација дека сум дал оставка и сум заминал дома. Кога се вратив во Лондон, таксистот кој ме возеше ми кажа дека се радува што сум се вратил. Во клубот ме сретна менаџерот за односи со јавност која ми рече: „Зошто не ми кажавте за оставката?“ Тогаш веќе бев поразен“.

Новата прес-секретарка, Клер Томлинсон го едвај го протнала Венгер низ толпата новинари пред „Хајбери“. Сведоците на тој настан велат дека Венгер бил бесен кога дознал за што го обвинуваат.

„Јас често се прашував како е можно да е толку отворен, слободно шета по улица, седнува во такси, оди до Хитроу. Да се обвини човек за силување е одвратно, а да се обвини човек за насилство над деца е грозоморно“, расажала Томлинсон.

Кога Венгер дознал за гнасната клевета, тој прво му се јавил на другар му Жан Пети во Франција и го замолил да оди до Рокбрион кај неговите дома и да им каже да не примаат новинари. „Отидов. Таму веќе имаше многу луѓе. И кажав на Ени: „Не излегувај никако од дома“, се сеќава Пети, пријател на Венгер.

Прес-секретарката морала со сите сили да го воздржи Венгер да не западне во замката на новинарите.

„Му реков: Арсен, таму насекаде има камери, се што ќе кажете, ќе остане засекогаш, ќе биде снимено. Никој во тоа не верува. Мора да се справите со тоа, но сè ќе биде снимено“.

ВЕНГЕР МУДРО ИМ ОДГОВАРАЛ НА НОВИНАРИТЕ, А АРСЕНАЛ УШТЕ НЕ ЈА СФАЌАЛ СЕРИОЗНОСТА

Арсен не можел постојано да излегува пред „новинарите“ од таблоидите. Избрал интересна тактика: веќе не одговарал, туку тој прашувал.

На прашањето што мисли за гласините, Французинот прашал за кои гласини? Тоа прашање било ефективно зошто новинарите не можеле да објават гласини без коментар.

Никој не сакал да се произнесе за гласините, односно да ги изговори тие гнасни клевети.

„Ако некој има нешто да каже за мене, сега е моментот. Не сум во тек со гласините, ама треба да знаете три работи. Прво, многу сум среќен во Арсенал, второ, добро ни оди на терен и трето, нема такво нешто од што би се плашел. Ако напишете нешто лажно за мене, тогаш ќе напаѓам и јас“.

Под напад подразбирал тужби.

Во книгата која стана бестселер, Венгер се сеќава на тој момент: „Водев импровизирана прес-конференција на скалите пред Хајбери. Им реков дека не се плашам да се соочам со сите лаги и дека единствено важно за мене е интересот на клубот“.

„Новинарите сакаа да префрлат сè во формат на лична прес-конференција, но тогаш се вклучи Томлинсон која во старт одби такви идеи. Непријателот беше деморализиран, но подоцна се испостави дека само Клер сериозно ја сфати ситуацијата“, раскажува легендарниот стручњак.

Следниот ден и заѕвонил на Клер:

„Зборував со адвокати, со управата и изгледа дека ти си единствена која сериозно се однесува кон ова. Зошто да не ги дадам на суд? Зошто сите весници пишуваат такви работи? Во Франција кај нас не е така. Зошто им е дозволено да пишуваат тоа?“

Дел од медиумите се смириле по мудрата реакција на Венгер, но имало и такво кои пробувале опасен трик, да земат коментар од роднини или пријатели на тренерот. Гнасната клевета отишла по целиот свет, новинари им ѕвонеле на пријателите на Венгер кои после од Јапонија и од Франција му се јавувале со прашање: „Што е работата“?

Венгер вака ја опишува ситуацијата во книгата:

„Како секогаш во слични случаи, имаше објективни новинари, а имаше и такви кои не заслужуваат човек да ги спомне. Некои одеа до таму што го распрашуваа и моето семејство, поранешни соиграчи, тренери и играчи во клубовите каде работев претходно. Еднаш отишле дури и дома кај жена ми на југот од Франција и барале од неа да го прашаат нашиот 12-годишен син како сум се однесувал со него и каков татко сум бил.

Тоа беше монструозно. Се прашував себе дали светот забегал, како може да се објави таква клевета и лага без никакви докази, просто само да оцрниш човек без да обрнеш внимание на можните последици. А тоа понекогаш се судбини на јавни личности“.

Но идиотите не престанувале. После еден меч, трпението на Венгер прекипело.

„Морав да повишам глас за да се слушнев низ салвата прашања. Ја потврдив својата верба во фудбалот и реков дека сум убеден дека Англија не е земја која може да одобри сличен линч. Реков дека за мене Англичаните се чесни и горди луѓе и нема што да кријам.

Се друго заврши неочекувано и одеднаш, како и што почна“.

Клеветата била сериозен душевен испит за Венгер.

„Сите тие долги недели јас бев сам. Боро (Приморац, вечниот помошник на Венгер) уште не беше дојден од Јапонија. Ени уште не живееше со мене, а моето семејство и пријатели беа во Франција и не знаеа низ што проаѓам. Ми остана да се потпрам сам на себе и тоа беше лекција. Кога клеветите престанаа, се смирив, ама останав буден“.

КЛЕВЕТИТЕ СТАНАЛЕ ПОВОД ЗА ОДВРАТНИ СКАНДИРАЊА И ОВОЈПАТ ФЕРГИ ГО ЗАШТИТИЛ ВЕНГЕР

Навивачите на речиси секој ривал на Арсенал просто уживале да го навредуваат францускиот тренер. Најмногу го навредувале навивачите на Манчестер Јунајтед со кого беа главни ривали во борбата за титулата, оние на Тотенхем како историски непријатели, па така на Олд Трафорд и Варт Харт Лејн, Арсен често слушал: „Седи педофил!“

Венгер веќе научил да се носи со навредите и ги игнорирал.

„Ги игнорирав навредите. Тој ужасен период ми послужи како лекција, да ја зацврстам мојата решителност и енергија. Стоев на свое место без разлика на тешкиот момент. Се трудев тоа да не ме дестабилизира ни мене ни играчите ни клубот, а тоа и не влијаеше на мојот оптимизам и мојот труд“.

Во тешки времиња по Арсенал, кога клубот поради огромни долгови за изградба на новиот стадион морал да го скрати буџетот, Венгер морал да става млади фудбалери од академијата на клубот и тоа ги разбудило демоните кај дел од „навивачите“.

Кога во 2009-та на „Олд Трафорд“ се скандирале тие гадости, ни претставниците на Манчестер Јунајтед не премолчеле.

„Неколку пати дававме изјави за тоа одвратно скандирање. Не го оправдуваме и неколку пати во минатото ги осудивме навивачите но без успех. Има многу песни кои противникот ги смета за неприменерени, но ова предизвикува бес кај сите пристојни навивачи.

Ќе преземеме сериозни мерки против луѓето кои го скандираат ова. Сезонските карти ќе им бидат откажани и ќе ги избркаме од стадионот“.

Тогаш се огласил и легендарниот Фергусон.

„Манчестер Јунајтед и неговите навивачи добро знаат колку скандирањата против нас низ годините, особено оние за Минхенската трагедија (1985) можат да бидат многу болни. Апсолутно не сум согласен со такви скандирања. Во играта има доволно работи кои може да се смислат, но да не се прибегнува кон клевети“.

Во својата книга Венгер размислувал над тоа, од каде изникнале тие клевети:

„Се трудев да сфатам, дали такво насилство може да се објасни со тоа што сум странец, непознат, што се занимавам со омилената работа или луѓето се завидливи? Има ли во фудбалот слично насилство? Виновни ли се и тие кои не влегуваат во тој свет и само го коментираат од страна? Немам одговор“.

Кога во Англија еднаш избил скандал во кој извесен фудбалски тренер Бари Бенел вршел насилство врз децата од фудбалската школа, Лиам Оар во весникот Slate потсетил за историјата со Венгер.

„Како што покажа ситуацијата со Венгер, во англискиот фудбал кон педофилијата се однесуваат како со шега, а не како сериозен проблем. Затоа многу млади играчи криеле насилство над себе, не знаејќи дали надлежните власти се однесуваат сериозно кон тоа“.